Добредојдовте !!!

Почитувани пријатели,

На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.

Читај повеќе...

Тековни конкурси

IMG 0075_resize

Средното општинско училиште Методи Митевски Брицо од Делчево објави оглас за запишување на ученици во прва година за учебната 2012-2013 година.

Читај повеќе...
 
Thumbnail image Thumbnail image  
Парична помош од 3000 мкд за секое новородено бебе во Делчево
Читај повеќе...
 
ПРОЕКТ ЧЕШМИ ВО ДЕЛЧЕВО И ДЕЛЧЕВСКО
Читај повеќе...
 

Пријавување



Инфраструктура

Печати PDF
Водовод
 
Водоснабдувањето за градот Делчево и за селата Тработивиште, Вирче, Град, Стамер и Полето се врши од регионалниот систем за водоснабдување кој се состои од:

• Акумулација Лошана со акумулационен простор 1 500 000 m3, камено насипана брана со Н = 41 m;
• Довод од зафатна градба во акумулацијата Лошана до филтер станицата во с. Тработивиште;Брана Лошана
• Филтер станица во с. Тработивиште со проектиран капацитет од 60литри/секунда, а сегашен работен капацитет 40 l /s;
• Бунари и пумпни постројки во с.Тработивиште и градот Делчево (две пумпни постројки)
• Резервоарски простор 1100 метри кубни. Едниот во Старо Делчево, 300 m3 и другиот во атарот на с.Ѕвегор, 800 m3;
• Дистрибутивна мрежа – 45% од цевководната мрежа е азбестно-цементна.

Останатите рурални населени места се снабдуваат со вода за пиење преку локални водоводни системи и чешми.
Канализација
 
Во градот Делчево одведувањето на комуналните отпадни води се врши заедно со атмосферските води преку постојната канализациска мрежа која во градот Делчево е изградена 92%, додека покриеноста со канализациската мрежа во општината изнесува 68%.
Мрежата е од мешан тип и е проектирана со две изливни места лоцирани на колекторите покрај реките Брегалница и Габровчица, а краен реципиент е река Брегалница.
Електрична мрежа

Делчево е поврзано со електроенергетскиот систем на Република Македонија преку далноводот 110KV Кочани – Македонска Каменица – Делчево – Берово и со 35 KV далновод Кочани – ХЕ “Калиманци”.
Покриеност со електрична енергија: 100%
 
Патна и железничка инфраструктура
  • Историјат

Уште од најстаро време преку Пијанец минувале патишта што го сврзувале со соседните области.

Преку ова подрачје поминувал патот што ги поврзувал Римските градови Astibo (Штип) со Pautallia (Ќустендил). Овој пат е одбележан уште во IV век од нашата ера во картата на Peonia- Tabula pojtingerijana и е една клучна комуникација што се поврзувала на патот Via Ignatia кој одел од Epidamos (Драч)  до Tesalonica (Солун).

И денес де познаваат трагите на Римскиот пат, кој тргнувал од Осоговските Планини, каде што се експлоатирала Оловно-Цинковата руда, па по должина ја сечат Пијанечката Котлина до селото Тработивиште, од каде преку клисурата на реката Брегалница, и Малешевијата водел за Солун.

Овие стари патишта се задржале долго време. Со поставувањето на Бугарската гарница 1878 година, кај Црна Скала се наоѓал и граничниот премин со царинарници меѓу Турција и Бугарија. Првите автомобилски патишта почнале да се градат пред Хуриетот. Галавниот автомобилски пат Кочани-Делчево преку Калиманско Поле и понатаму за Берово е изграден пред 1908 година, и се до скоро бил главна сообраќајна врска со овој крај. Во 1972 година е даден во употреба асвалтниот пат Кочани-Делчево, кој сега е главна сообраќајна врска на Делчево со останатите места во земјата. За време на Првата Светска Војна бугарските власти го направиле патот Делчево-Благоевград, на кој сега се наоѓа граничниот премин Арнаутски Гроб. Патот кон планинското одмаралиште на Голак е изграден 1964-65 година.

  • Местоположба
Близина на аеродром: Софија 140 km, Скопје 170 km
Близина на железница: Кочани 40 km
Близина на пристаниште: Солун 250 km
Граничен премин: Арнаутски гроб 10 km од општинскиот центар, Црна скала во изградба
  • Улици
Асфалтирани улици:
Должина 31.410 mУлици Делчево
Површина 188.460 m2

Тампонирани улици:
Должина 340 m
Површина 1360 m2

Пробиени улици (земјени):
Должина 2.990 m
Површина 17.940 m2

Непробиени улици (земјени):
Должина 9.684 m 
Површина 58.104 m2
  • Патишта
На подрачјето на општината поминува магистралниот пат М5, со кој општината се поврзува со Република Бугарија.
Со сообраќајниот систем на државата општината се поврзува преку неколку регионални патишта: Регионален пат
- R533 го поврзува Делчево со Кочани и понатаму Штип, Велес;
- R521 го поврзува Делчево со Виница, преку с. Бигла;
- R522 Делчево – планина Голак и
- R523 Делчево – Берово.

Магистрални 10.000 m
Регионални 68.000 m
Локални 143.240 m

  • Јавен превоз
Во делчево за јавен превоз на патници и стоки се користи патен сообраќај. Автобуската станица, која е во приватна сопственост не работи и не ја врши својата функција. Оваа функција делумно ја извршува лиценцираниот патен превозник дооел “Пинк транс”, кој има директна линија Делчево – Скопје – Делчево. 
Во исто време, во отсуство на туристичка агенција во општината, ја врши функцијата на посредник за патувања до одредени туристички дестинации во земјата и странство.
Градскиот превоз во општина делчево го вршат 11 лиценцирани превозници со минибуси и комбиња, кои го обезбедуваат превозот до селата, како и превозот на ученици.
Во општината има четири лиценцирани автотакси компании и десетина лиценцирани индивидуални автотакси превозници.
Share/Save/Bookmark

Последни статии

Објавено на 18 Мај 2012, 13.28 од Super Administrator
-24- Откако со одлука на Советот на општина Делчево, 24-ти Мај денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј беше прогласен за патрон на градот Делчево, оваа година во четврток 24.05.2012 година...
Објавено на 18 Мај 2012, 13.20 од Super Administrator
2012-05-18-12-24-08 Општина Делчево во рамки на програмата „100 настани за 100 години град“, а во соработка со Македонскиот олимписки комитет(МОК), Ве поканува да присуствувате на Олимписки ден во Делчево кој ќе се одржи...
Објавено на 18 Мај 2012, 13.05 од Super Administrator
--20--------136---- Почитувани, Градоначалникот на Општина Делчево во рамки на програмата „100 настани за 100 години град“, во соработка со Организацијата на резервни офицери на РМ, Делчево, а по повод 136 години од...
Објавено на 18 Мај 2012, 07.00 од Super Administrator
-sea-forma-  Предмет:Доставување на одлука за стратегиска отцена и SEA forma  ДУП Делчево  за објавување Врз основа на член 65 Став (6) од Законот за животна средина  (,,Службен весник на...
Објавено на 17 Мај 2012, 11.47 од Super Administrator
2012-05-17-11-37-21 Во четврток 17.05.2012 година во работна посета на кабинетот на градоначалникот  на општина Делчево Горан Малешевски беше министерот за транспорт и врски во Владата на Република...
Објавено на 15 Мај 2012, 07.46 од Super Administrator
2012-05-15-06-57-38 Во периодот 11-12.05.2012 година општина Делчево беше домаќин на средбата „Можности за соработка и партнерства“, која беше организирана од општина Делчево, во соработка со Центарот за развој на Источен...
Објавено на 10 Мај 2012, 07.12 од Super Administrator
-9------- Во среда 09.05.2012 пред споменикот на паднатите борци од НОБ во центарот на Делчево беа одбележани 67 години од падот на фашизмот во Европа, ден кој подоцна беше прогласен за Ден на Европа. Свечената...
Објавено на 08 Мај 2012, 09.09 од Super Administrator
2012-05-08-08-28-00 Во вторник 08.05.2012 година во рамки на наставната програма на учениците од ООУ Св.Климент Охридски од Делчево, во посета на просториите на општина Делчево и кабинетот на Градоначалникот Малешевски,...
Објавено на 07 Мај 2012, 14.48 од Super Administrator
----q9--q--- Градоначалникот на Општина Делчево во рамки на програмата „100 настани за 100 години град“, Ве поканува да присуствувате на настанот организиран по повод одбележување на 67 години од победата над...
Објавено на 07 Мај 2012, 12.38 од Super Administrator
-q-q По иницијатива на Советот на станари во зграда бр.5 на улица Кеј на Брегалница, во изминатиот период беше изградена нова пристапна рампа за инвалидизирани лица, и  беше адаптиран дел од просторот...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес93
mod_vvisit_counterВчера525
mod_vvisit_counterОваа недела2071
mod_vvisit_counterПретходна недела2382
mod_vvisit_counterОвој месец6556
mod_vvisit_counterПретходен месец11110
mod_vvisit_counterВкупно459015

Присутни online: 13
Ваша IP: 38.107.179.210
,
Денес: Мај 19, 2012

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.