Културните активности во општина Делчево главно се одвиваат во Спомен домот АСНОМ, град Делчево кој располага со корисна површина од 2359 m2 и Спомен дом на Разловечко востание, с. Разловци (библиотека и кино сала).
Културни институции во општината
• НУЦК “Никола Јонков Вапцаров”, во чии рамики постои и Археолошко-музејска поставка, со пронајдени предмети од архелошките ископувања во општина Делчево, како и други обележја на културното наследство; • ЈЛБ “Илинден”, со книжен фонд од 40.000 книги: 30.000 книги во градот и 10.000 книги во библиотеката во село Разловци;
Културни настани во општината
• Февруарски поход, февруари; • Ден на Разловечкото востание, 20 Мај; • Ден на културата во Р.Македонија, 10 Јуни; • Меѓународна манифестација, Гоцеви денови, Јуни; • Голачки фолклорни средби (ГФС), 8-ми Август; • Пијанечко – Малешевска свадба со Меѓународен фолклорен фестивал (Септември); • Ден на ослободувањето на Делчево, 7-ми Септември; • Ден на востанието на македонскиот народ и ден на борецот, 11-ти Октомври; • Месец на книгата (10 Октомври - 10 Ноември); • Детски музички фестивал Делчево Денс (пролет или есен). Културно наследство
Цркви во општината • Успение на Св. Богородица – Делчево; • Св.Ѓорѓи- с.Град; • Св. Петка Параскева - с.Селник; • Св.Богородица- с.Тработивиште; • Св. Атанасиј - с.Нов Истевник; • Св. Никола -с.Стар Истевник; • Св.Архангел Михаил-с.Драмче; • Св. Пантелејмон - Голак; • Св.Цар Костадин и царица Елена - с.Разловци; • Св.Никола- с.Вирче.
Манастири • Св.Богородица - Источен петок - Балаклија (манастирски комплекс); • Покровна Богородица (манастирски комплекс), ревитализиран - недовршен; • Св.Ѓорѓи - с.Вирче; • Св.Илија - с.Ѕвегор; • Св.Петка - с.Црквенец.
Џамии • Џамија во Делчево; • Џамија во с.Град; • Џамија во с.Тработивиште; • Џамија во с.Звегор; • Џамија во с.Габрово;
Заштитен споменик на културата е црквата св. Петка во с. Селник, која датира од XVI век.
Споменици на природата
• Место викано „Кукуље“ во с.Нов Истевник; • Место викано „Кукуље“ во с.Тработивиште; • Ѓурѓов даб во с.Вирче; • Ѓурѓово Дабје со црковен камен во с.Драмче; • Благун Даб во с.Разловци; • Пештера во с.Киселица,неистражена; • Илин камен во с.Ѕвегор.
Архелошки наоѓалишта • Могила кај с.Очипала, пронајдена е погребна кочија и е сместена во музејот во Штип; • Могила кај с.Ветрен, истражена; • Могила кај с.Вирче,истражена; • Могила кај с.Бигла, истражена; (пронајдените зачувани примероци се сместени во Археолошко - етнолошката поставка сместена во НУЦК "Н.Ј.Вапцаров" - Делчево. • Постојат неистражени могили во селските населби - Драмче, Косово Дабје, Истевник, Петрашевец, Илиово и др. • Енеолитското наоѓалиште - Локалитет Градиште во с. Град, делумно е истражено, а конзервираните примероци се сместени во Археолошко - етнолошката поставка. • Бројот на такви локалитети во Делчевско изнесува околу 15 и тоа во селата: Ѕвегор, Град, Чифлик (Кулата), Моштица, Тработивиште, Разловци,Вирче, Илиово, Очипала, Олшан град и Каменица. Најголемите и најглавните се наоѓале во М.Каменица (Калата) и во с.Град (Градиште). • Римски погребувања во Пијанец (Истражени локалитети с.Очипала и с.Драмче) • Кај местото викано „Грамади“ во атарот на с.Разловци постои селска населба од средниот век. Вршени се археолошки ископувања во 2004 година. • Траги од праисториска населба со керамички фрагменти има кај месноста Чука.
|
Сокриено како гнездо во најгорниот дел на Долно Поле со надвиснати куќи една над друга, распоредени по падините на Голак и Загазо, со лицето свртено кон изгрејсонцето се наоѓа востаничкото и револуционерно Разловци чии храбри жители со својата решителност испишаа светли страници во македонската историја. Разловци лежи на левата страна на реката Брегалница, на надморска висина од 707 метри и површина од 60км2. Првата гледка на Разловци, неговиот посетител ќе ја има откако ќе стигне до Овча Глава кога убавиот асфалтен пат ќе почне да се спушта надолу. Оттука Разловци плени со својата убавина, зеленилото на Долно Поле, многубројните пасишта, ливади и шуми, а по благите падинки распоредените разловечки колиби како монистра од тој прекрасен ѓердан.
Повеќе...
Во околината на Разловци има остатоци од стари цркви што укажуваат на богат црковен и просветен живот во минатото.На почетокот на Долно Поле во месноста Клинчовица се наоѓаат остатоци од црква чие име е непознато. Според топонимот се нарекува црква на Кличовица. Кај монополската зграда во Рајанец се наоѓаат остатоците од малата црква „Св. Богородица“ која била оштетена од земјотресот во 1904 г. каде и денеска разловчани палат свеќи. Под неа има Света водичка. Во Селиште видливи се остатоците од црквата „Св. Илија“, каде разловчани до неодамна давале курбан на Илинден.
Повеќе...
Во средината на 60-тите години на 19 в. Османлиската држава се наоѓала во тешка економска и внатрешно-политичка криза. Ослободителните движења на покорените народи прераснувале во масовни востанија. Под притисок на големите европски држави, Турција морала да воведе некои внатрешни реформи. Покрај големите заслуги со кредити, најголем и најсигурен извор на средства биле покорените народи. Една од можностите за собирање на пари било делењето на нови тапии. Тоа ја отежнувало и онака тешката положба на сиромашниот народ. Постоеле и голем број на неправилности во оданочувањата, во собирањето на десетокот и др. давачки.
Повеќе...
Кога на 7 мај се одржуваше Третото собрание, ненадејно на Калџерџево од Разловци пристигнале неколку селани кои соопштиле дека во селото пристигнале турски спахии и тапиџии. Тие успеале да фатат десетина селани со цел да ги пренесат во Царево Село, сакале и да ги потурчат убавите разловечки девојки Ката Овнарска и Јана Лалевска. Рано утрото тој ден ги заробиле и браќата Нико и Стоил Поп Атанасови од Иственик кои требало да учествуваат на Советувањето на Калџерџево.
Повеќе...
|
|