Состојба на животната средина во општина Делчево

Печати

Животната средина во општина Делчево во основа се карактеризира со сочуваност,  природност и еколошка рамнотежа. Општината се наоѓа далеку од индустриски загадените региони на Повардарието, а со тоа и од главните емитери на штетни материи во екосистемите . Благата континентална  клима,  пространите шуми, чистите планински потоци, демографската неоптовареност и релативно нискиот интензитет на сообраќај,  го чинат регионот како здрава животна средина. Во општината има и предел од категорија на подрачја со посебни карактеристики, кој е заштитен со Законот за заштита на природните реткости (планината  Голак) .

Загадувањето на животната средина најмногу е од антропогено потекло од урбаната средина, каде има најголема коцентрација на население и индустриски капацитети.  Најизразените еколошки проблеми произлегуваат од нееколошкото управување со цврстиот комунален отпад во градот и руралните средини,  додека  водите на Брегалница се загадуваат со непричистените комунални и индустриски отпадни води, како и со испирните води од земјоделските површини. Со релативно мали инвенстициони вложувања,  локалните еколошки проблеми можат да се разрешат во иднина.

Share/Save/Bookmark