Украдени украсни светилки во новиот парк во центарот на Делчево

  • News

За време на викендот, несовесни граѓани украле дел од украсните светилки поставени на новиот парк изграден во вид на трибини во строгиот центар на Делчево со што се продолжува неславната традиција за уништување урбана опрема поставена на јавните површини.

 Општина Делчево изразува згрозеност од овој чин и апелира до  граѓаните да се грижат за општинскиот имот, бидејќи крадењето или уништувањето на урбаната опрема значи уништување на јавни добра купени со буџетски средства на Општина Делчево.

Од тој аспект, граѓаните треба да се сами свесни дека со уништување на урбаната опрема во градот, самите себеси си прават штета, а исто така, согласно со актуелните законски одредби, забрането е уништување на урбана и друга опрема, за што е предвидена мандатна казна за сторителите која изнесува 200 евра во денарска противвредност.

Наредниот период, Општина Делчево работи на поставување видеонадзор и на овој простор од централното градско подрачје.

Shares