АМС во Делчево почна со работа

  • News
Првата автоматска метеоролошка станица поставена во Делчево, почна да ги чита основните метеоролошки параметри. Во реален час отсега ќе се знае температурата, влажноста на воздухот, атмосферски притисок, количина на врнежи, сончево зрачење, брзината и правецот на ветерот.
Автоматска метеоролошка станица (АМС) ја постави УХМР Скопје и е со намена за автоматска обсервација и пренесување на метеоролошките податоци. За реализацијата на овој проект беше потпишан Договор за соработка помеѓу Општина Делчево и УХМР Скопје.
Мерењата се вршат според важечки прописи на Светската метеоролошка организација (СМО) и Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Автоматската метеоролошка станица е поставена на соодветна локација во населбата Шумски расадник во населба Ново Делчево.
Актуелните мерни податоци се достапни на следниот LINK.
Shares