Сумилација на пожар предизвикан од земјотрес во ООУ „Ванчо Прке“ Делчево

  • News

Денеска во ООУ „Ванчо Прке“ се одржа тактичко-показна вежба на ТППЕ Делчево исценирана со симулација на земјотрес и пожар и евакуација на повредено лице од зградата на училиштето.   

По дојавата за пожар настанат како псоледица од земјотрес, во делчевската деветолетка, ТППЕ Делчево реагираше со 8 пожарникари со три противпожарни возила, командно и две навални возила и со потполна лична заштитна опрема при што беше изгаснат пожарот на дел од училиштето, беа евакуирани учениците и персоналот, а беше извлечен и заробен ученик во објектот.

 Во акцијата учествуваа и волонтери од ОО на Црвен крст Делчево, екипа на Итната медицинска помош од Делчево, како екипи на МВР ПС Делчево.

Ванчо Атанасовски претставник од ООУ „Ванчо Прке“ изрази благодарност до надлежните институции кои помогнаа за успешно реализирање на тактичко-показната вежба која е во насока на проверка на ситемот и протоколите на училиштето при евентуални несреќи и катастрофи.

Инаку, овие вежби се редовна практика и на ТППЕ Делчево и се изведуваат со цел да се види подготвеноста и физичка и психичка на пожарникарите во услови на појава на пожар во објектите на институциите во градот, но и да се провери исправноста на опремата.

Shares