Проект на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите

  • News

На 22 јуни 2022 година, Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите ги претстави успешните меѓународни и домашни практики за ефективно собирање на општинските приходи од сопствени извори. Дополнително, беа презентирани предизвиците и препораките за подобрување на општинските приходи од сопствени извори и потребата од подобрување на законската рамка за ова прашање. На настанот учествуваа градоначалници и претставници од општинските даночни одделенија од партнер-општините и претставници од институциите на централната власт и собраниската Комисија за локална самоуправа.

Претставникот на УСАИД во Северна Македонија, Џејмс Стајн и директорката на Проектот за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите,ГинкаКапитанова имаа воведно обраќање, аДанела Арсовска, градоначалничката на Град Скопје, го презентираше ставот на ЗЕЛС во однос на наплатата на приходите од сопствени извори и администрирањето на општинските даноци.

Претставникот на УСАИД во земјата, Џејмс Стајн рече дека „како избрани функционери, градоначалниците треба да продолжат со својата силна посветеност и напори да ја намалат нивната зависност од трансферите на централната власт преку мерливо зголемување на собирањето на приходите од сопствените извори и да одговорат на потребите на граѓаните“.

Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурситее петгодишен проект (2021-2026) кој им помагана владините институции во Северна Македонија да ги обезбедат и самостојно да управуваат со ресурсите потребни за финансирање на услугите што ги бараат нејзините граѓани. За да ја постигне оваа цел, Проектот тесно соработува со Министерството за финансии и Министерството за локална самоуправа и е во координација со другите донатори и ЗЕЛС.

 

Shares