Добредојдовте !!!

Почитувани пријатели,

На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.

Читај повеќе...

Кликни на сликата за поголем приказ

Тековни конкурси

Врз основа на одлука на Советот на општина Делчево и Решение на Градоначалникот Горан Малешевски, Општина Делчево објавува 

КОНКУРС

за доделување на 2 стипендии на студенти кои студираат во странство

Интегралниот текст од конкурсот, со условите и критериумите за аплицирање, како и сите одредби поврзани со истиот може да се погледаат на сл. линк тука.

 
Thumbnail image Thumbnail image  
Парична помош од 3000 мкд за секое новородено бебе во Делчево
Читај повеќе...
 
ПРОЕКТ ЧЕШМИ ВО ДЕЛЧЕВО И ДЕЛЧЕВСКО
Читај повеќе...
 

Пријавување



Природни ресурси

Постанок на областа и геолошки состав на територијата на општина Делчево

Печати PDF

Потеклото на Пијанец е тектонско. Според геоморфолошките испитувања на Б.Ж Милоевиќ, Цвиииќ и други научници уште во Палеоген котлината Пијанец претставувала посебна долина одвоена од Кочанската и Малешевската. Растроените, превртени и набрани палеогенски седименти укажуваат

дека во Предплиоценот настанеле силни тектонски движења, односно, спуштање на теренот меѓу овие котлини и како резултат на тоа се создал горниот тек на долината Брегалница. Во Плиоценот, Пијанечката Котлина била езеро поврзана со Малешевското езеро, со две притоки, едната источно од ридот Бејас Тепе по која сега тече реката Желевица, втората западно од тој рид која подоцна повеке се продлабочила и по неа тече реката Брегалница.

Пијанечкото езеро било поврзано и со Кочанското Езеро, Ќустендилското и Благоевградското Езеро. Врските со последните две езера се прекинале со издигањето на гребенот на источната страна, додека утоката во Кочанското Езеро се продлабочила и во неа истекла водата, а тоа долниот тек на реката Брегалница. По истекувањето на езерото со флувијална ерозија и денудација се формирале денешните релјефни форми на Пијанец.

Геолошкиот состав на Пијанечката Котлина е хетероген. Пониските делови на котлината се Палеогени и Плиоцени наслаги. Тоа се претежно песочници, глиници, варовници и конгломерати што лежат преку стари еруптивни карпи и кристални шкрилци. Грербените околу котлината главно се составени ок кристалести шкрилци и еруптивни карпи особено Гранит.

Најнискиот дел, Алувијалната рамнина, настанала од наносите на река Брегалница и нејзините притоки. Тоа е најплодното земјиште.

Природни ресурси

Печати PDF
Клима
Климата во општина Делчево е источноевропска со модифициран плувиометарски режим. Според метеоролошките податоци во Делчево просечната годишна температура на воздухот изнесува 10,7°С со апсолутен минимум од -26,7°С и апсолутен максимум до 37°С, додека на планините просечната годишна температура паѓа до 3,5°С. Најтопол месец е август со просечна температура 21,6°С, додека најстудени месеци е јануари со просечна температура 0,1°С
Облачноста и магливоста не е голема, така што во годината доминираат сончеви и ведри денови. Просечниот број на врнежливи денови во текот на годината изнесува 71, просечна годишна количина на врнежи од 548 mm. Врнежите иако се релативно ниски, нивниот распоред во вегетациониот период (април - септември) е поволен и изнесува над 50% од вкупните годишни врнежи.
Вегетациониот период со температура над 10°С трае 191 ден во текот на годината.
 
Релјеф и почва
Релјефот во општина Делчево е сложен и е создаден од тектонски движења и е застапен со 4 релјефни форми кои се разликуваат по старост, надморска височина, геолошки состав, хидролошки услови, вегетација и различни почви. Претежно е ридско - планински, а низинските делови се главно распространети по течението на река Брегалница.Река Брегалница
Релјефот во општината е со следната структура: Низински 600 – 750 метри (по текот на река Брегалница и долните теченија на нејзините притоки), Ридско - планински 750 – 900 метри (источниот и североисточниот дел на општината) и Планински над 900 метри (западно од река Брегалница, планините Обозна и Голак).
Според педолошката карта, во реонот на општина Делчево се издвојуваат 12 посебни почвени типови. Како доминантни се утврдени ригосол, ранкери, кафеави шумски почви, циметно шумски почви и лесивирани.
Врз основа на агропроизводните способности, почвите се групирани во 7 бонитетни класи, од алувијалните, смолниците, делувијалните и лесивираните.
Направена е тест сондажа на почвата на сите поголеми и позначајни локалитети во општина Делчево за испитување на нивната киселост и базичност (длабочина од 0-30 cm и од 30-60 cm).
 
Хидрографија
Главна водена артерија на општина Делчево е реката Брегалница, која е и најголема притока на реката Вардар. Десни притоки на реката Брегалница се: Желевица, Даштица, Репница, Граштица, Ѕвегорска Река и Габровчица. Леви притоки се: Лошана, Петрашевец и Чифличка река. Вкупнатa површина на сливот на река Брегалница изнесува 742,5 km2, со просечна надморска височина на сливот 1000 m. Средногодишниот проток на профилот кај Разловци изнесува 6,3 m3/s. Вкупниот годишен просечен проток на Брегалница на профилот “Калиманци” изнесува 264 000 000 m3. 
Значаен потенцијален хидрографски објект во општината е брана Лошана, со зафатнина од 1 400 000 m3 вода, кај селото Разловци која е во завршна фаза и од оваа година ќе започне нејзиното полнење. Оваа акумулација главно ќе се користи за комплетно решавање на проблемот на водоснабдување во општина Делчево, а дел и за наводнување на Делчевското поле (300 ha).
Друг значаен изграден хидрографски објект во општината претставува акумулација Петрашевец со зафатнина од 180 000 m3 вода, која се користи за наводнување на обработливите површини низводно од Браната.
 
Минерални ресурси
На територијата на општина Делчево утврдени се значајни наоѓалишта на металични, неметалични и енергетски минерални суровини, како значаен потенцијал за развојот на општината.
• Наоѓалишта на јаглен, лоцирани во Делчевско – Пехчевскиот басен, со вкупна површина од околу 100 km2, трети по значење во Република Македонија. Вкупните резерви се утврдени на околу 46 000 000 t јаглен.
• Во коритото на река Брегалница има околу 90 000 000 m3 златоносен алувион од песок и чакал. Се претпоставува присуство на 13,5 –36 t злато.
• Природно печената глина, со утврдени резерви над 10 милиони тони, а со значајна комерцијална вредност се и гранитите, варовниците и диабазите.
• Геотермалната енергија – при испитувањата на лежиштето на јаглен “Стамер – Ѕвегор”, утврден е среден геотермален градиент од 6,5°C/100 m, што укажува дека зголемувањето на температурата во насока на длабочина е побрзо од вообичаеното.
 
Флора и фауна
Шумите во општина Делчево зафаќаат површина од 27.899 хектари или 48% од вкупната територија на општината. Во структурата на шумите најзастапени е дабовата шума, потоа боровата и на крајот со најмал процент е застапена буковата шума. Шумите се богати со разни лековити билки, шумски плодови и растенија.

Во шумските предели се среќава богат растителен и животински свет, а особено внимание треба да се посвети на загрозените видови: дивата свиња, срната, дивиот зајак, црниот орел, еребицата и бувот.
Во однос на сопственоста: 49% од шумите во општина Делчево се приватни, а 51% државни.
Шумите во општина Делчево се дефицитарни со дрвна маса,т.е. потребите за одревно дрво на домаќинствата се поголеми од утврдениот годишен сечив етат.
 
Земјоделство
Земјоделското земјиште зафаќа 46% од вкупната површина на општина Делчево. Според својата географско-топографска положба, поволни климатско-почвени услови, расположливи пасишта и ливади, општината располага со предуслови за развој на овоштарството и сточарството.

Земјоделско земјиште 10,089 ha
Пасишта 3,408 ha
Вкупно 13.497 ha
 
Обработливо земјоделско земјиште (приватна сопственост): ораници и бавчи 8,679 ha, овоштарници 626 ha, лозја 8 ha, ливади 782 ha или вкупно 10.095 ha
Обработливо земјоделско земјиште (државна сопственост) 683 ha.

Структура на сеидбени површини
1. Полјоделски култури: житни култури 5.450 ha, индустриски култури 200 ha, градинарски култури 900 ha, фуражни култури 540 ha или вкупно 7.090 ha
2. Овоштарски култури (број на стебла): јаболка 24.975, круши 15.870, дуњи 640, сливи 82.700, праски 955, ореви 2,562 броја.

Извор: ПЕ на МЗШВ, Делчево

Природни вредности и реткости
На територијата на општина Делчево во категоријата на заштитени шуми спаѓаат:
• 7 ha кај с. Тработивиште
• 25 ha над с. Ѕвегор
• 50 ha над с. Разловци
• 160 ha покрај река Брегалница

Планината Голак според Законот за заштита на природни реткости (“Сл. весник на СРМ“ 43/76) и група критериуми е под посебна заштита како предел со посебни природни карактеристики (12.500 ha), со издвоена и заштитена парк - шума “Гоце Делчев”.
Споменици на природата кои сведочат за процесите кои се одвивале во различни геолошки периоди:
• Локалитет Илин Камен кај с. Звегор
• Локалитет Кукуљето кај с. Нов Истевник
• Локалитет Кукуљето кај с. Тработивиште

Состојба на животната средина во општина Делчево

Печати PDF

Животната средина во општина Делчево во основа се карактеризира со сочуваност,  природност и еколошка рамнотежа. Општината се наоѓа далеку од индустриски загадените региони на Повардарието, а со тоа и од главните емитери на штетни материи во екосистемите . Благата континентална  клима,  пространите шуми, чистите планински потоци, демографската неоптовареност и релативно нискиот интензитет на сообраќај,  го чинат регионот како здрава животна средина. Во општината има и предел од категорија на подрачја со посебни карактеристики, кој е заштитен со Законот за заштита на природните реткости (планината  Голак) .

Загадувањето на животната средина најмногу е од антропогено потекло од урбаната средина, каде има најголема коцентрација на население и индустриски капацитети.  Најизразените еколошки проблеми произлегуваат од нееколошкото управување со цврстиот комунален отпад во градот и руралните средини,  додека  водите на Брегалница се загадуваат со непричистените комунални и индустриски отпадни води, како и со испирните води од земјоделските површини. Со релативно мали инвенстициони вложувања,  локалните еколошки проблеми можат да се разрешат во иднина.

Последни статии

Објавено на 04 Февруари 2012, 12.15 од Кирчо Анастасов
-140- Со полагање на свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Делчево, денеска (04.02.2012 година) беше одбележан јубилејот  140 години од раѓањето на еден од најголемите македонски револуционерни...
Објавено на 03 Февруари 2012, 15.38 од Кирчо Анастасов
2012-02-03-15-04-42 Советот на општина Делчево на вонредна седница која се одржа во петок 03.02.2012 година со почеток во 14.30 часот, донесе ОДЛУКА за прекин на  воспитно-образовната работа во...
Објавено на 03 Февруари 2012, 13.59 од Кирчо Анастасов
--31------- По претходна најава според објавениот Дневен ред тука се одржа 31-та седница на Советот на општина Делчево . Единствено од дневен ред беа симнати 2-та и 3-та точка по барање на предлагачот. Сите...
Објавено на 03 Февруари 2012, 13.49 од Кирчо Анастасов
2012-02-03-12-59-09 Се информираат членовите и претседателството на У.З. на III-ти реон во Делчево дека на ден 06.02.2012 година (понеделник), со почеток во 18.00 часот ке одржат редовна седница во Задружниот дом во оваа...
Објавено на 31 Јануари 2012, 15.54 од Кирчо Анастасов
2012-01-31-15-10-14 Агенцијата за вработување на Република Македонија, врз основа на Оперативниот план за активните програми  и мерки за вработување за 2012 година и Програмата за работа на Република Македонија...
Објавено на 30 Јануари 2012, 21.37 од Кирчо Анастасов
2012-01-30-20-42-30 Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 35 став 1 точка 1 од Деловникот на Советот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“...
Објавено на 30 Јануари 2012, 20.50 од Кирчо Анастасов
2012-01-30-20-05-48 Врз основа на одлука на Советот на општина Делчево и Решение на Градоначалникот Горан Малешевски, Општина Делчево објавува  КОНКУРС за доделување на 2 стипендии на студенти кои студираат во...
Објавено на 30 Јануари 2012, 20.50 од Кирчо Анастасов
2012-01-30-20-05-48 Врз основа на одлука на Советот на општина Делчево и Решение на Градоначалникот Горан Малешевски, Општина Делчево објавува  КОНКУРС за доделување на 2 стипендии на студенти кои студираат во...
Објавено на 23 Јануари 2012, 12.44 од Кирчо Анастасов
2012-01-23-11-49-06 Од страна на Агенцијата за вработување на Република Македонија е објавен Јавен оглас за невработени лица на територијата на цела држава. Јавниот оглас е достапен на веб страната на Агенцијата на...
Објавено на 19 Јануари 2012, 12.13 од Кирчо Анастасов
2012-01-19-12-23-39 Во четврток 19.01.2012 година во Делчево се одржа манифестацијата за осветување на водите на река Брегалница во чест на големиот христијански празник Водици, или многу попознат помеѓу народот како...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес293
mod_vvisit_counterВчера568
mod_vvisit_counterОваа недела861
mod_vvisit_counterПретходна недела3413
mod_vvisit_counterОвој месец3351
mod_vvisit_counterПретходен месец14124
mod_vvisit_counterВкупно419259

Присутни online: 20
Ваша IP: 38.107.179.209
,
Денес: Фев 07, 2012

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.