БиографијаГоран Малешевски е роден во Делчево на 25.02.1977 година. Основно и средно училиште завршил во родниот град. Дипломира на Правниот Факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје 2000 година. Има положено Правосуден испит. Женет е и е татко на синчето Никола и ќеркичката Неда. Одлично се служи со Англискиот јазик и има познавање од напредни компјутерски вештини.
Работно искуство
• 2001 - 2002 - Прима волонтерски стаж во Основен Суд во Делчево,
• 2003 - Работи како Секретар во ЈВП Водостопанство на Република Македонија, Подружница Делчевско Поле, Делчево,
• 2005 - Запишан во Именик на адвокати при Адвокатска Комора на Република Македонија (Лиценца Бр. 1975). Заснова работен однос од 22.08.2005 година,
• 2007 - март 2009 - Раководител на Центарот за Вработување на Делчево при Агенцијата за вработување на Република Македонија,
• Дополнителни функции:
- Претседател на Надзорен Одбор на здружение на граѓани Младински Совет на Делчево од Делчево,
- Член на Управен Одбор на ФК Брегалница од Делчево,
- Прва категорија на фудбалски судија,
- Член на Извршен Одбор на здружение на граѓани Акција за Млади Делчево од Делчево.
• 2003 - Работи како Секретар во ЈВП Водостопанство на Република Македонија, Подружница Делчевско Поле, Делчево,
• 2005 - Запишан во Именик на адвокати при Адвокатска Комора на Република Македонија (Лиценца Бр. 1975). Заснова работен однос од 22.08.2005 година,
• 2007 - март 2009 - Раководител на Центарот за Вработување на Делчево при Агенцијата за вработување на Република Македонија,
• Дополнителни функции:
- Претседател на Надзорен Одбор на здружение на граѓани Младински Совет на Делчево од Делчево,
- Член на Управен Одбор на ФК Брегалница од Делчево,
- Прва категорија на фудбалски судија,
- Член на Извршен Одбор на здружение на граѓани Акција за Млади Делчево од Делчево.
Се известуваат сите граѓани на општина Делчево дека Градоначалникот на Општина Делчево ќе врши прием на странки секој вторник од 10 до 14 часот.
Визија на Општина Делчево
Општина Делчево ќе биде конкурентна европска општина, квалитетно место за живеење, со развиено стопанство, особено во агроиндустријата, изградена социјална и комунална инфраструктура, атрактивна еко и туристичка дестинација, препознатлива по својата традиција и можности за развој.
Мисија на Општина Делчево
Ние граѓаните на Општина Делчево, ќе се залагаме нашата општина да биде посакувано место за живеење и нашиот потенцијал ќе го насочиме кон реализирање на дадената цел преку создавање на услови за:
- развој на економијата, особено во агроиндустрискиот сектор, со одржливо искористување на расположивите ресурси;
- привлекување на нови инвестиции;
- градење на квалитетна социјална и комунална инфраструктура;
- заштита на животната средина;
- искористување и промоција на туристичките потенцијали;
- јакнење на јавната свест и капацитетите во јавните услужни дејности.
Надлежности на градоначалникот
• Ја претставува и застапува општината;
• Ја контролира законитоста на прописите на советот;
• Ги објавува прописите на советот во службеното гласило на општината;
• Го обезбедува извршувањето на одлуките на советот,
• Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на општината;
• Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот;
• Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината;
• Го извршува буџетот на општината;
• Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;
• Редовно го известува советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот;
• Решава во управни работи за права, обврски и интереси иа правни и физички лица, во согласност со закон;
• Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;
• Раководи со општинската администрација;
• Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон.
• Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статутот и
• Врши други работи утврдени со закон и со статутот.
Градоначалникот може да овласти раководен службеник на општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти.
Последни статии
Објавено на 04 Февруари 2012, 12.15 од
Објавено на 03 Февруари 2012, 15.38 од
Објавено на 03 Февруари 2012, 13.59 од
Објавено на 03 Февруари 2012, 13.49 од
Објавено на 31 Јануари 2012, 15.54 од
Објавено на 30 Јануари 2012, 21.37 од
Објавено на 30 Јануари 2012, 20.50 од
Објавено на 30 Јануари 2012, 20.50 од
Објавено на 23 Јануари 2012, 12.44 од
Објавено на 19 Јануари 2012, 12.13 од



На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.



























