Совет
Советот е претставнички орган на граѓаните кој одлучува во рамките на надлежностите на општината. Советот го сочинуваат претставници на граѓаните избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање. Бројот на членовите на советот се утврдува во зависност од бројот на жителите во општината и не може да биде помал од девет ниту поголем од 33. Советот на Општина Делчево брои 15 члена. Според резултатите од локалните избори составот на Советот е следен: ВМРО - ДПМНЕ има шест советнички мандати, СДСМ пет, група избирачи В.Н. два, група избирачи Љ.П. и ВМРО - НП по еден советник.
Членови на советот на општина Делчево 2009 - 2013 година:

1. Николче Трајановски - ВМРО - ДПМНЕ
2. Горан Георгиевски - СДСМ
3. Слободанчо Димитровски - ВМРО - НП
4. Светлана Ѓорѓиевска - ВМРО - ДПМНЕ
5. Снежана Ѓорѓиевска - ВМРО - ДПМНЕ
6. Тони Ѓорѓиевски - ВМРО - ДПМНЕ
7. Игор Јовановски - СДСМ
8. Љупчо Петровски - Група избирачи Љ.П.
**Заменик Градоначалник со Решение на Градоначалникот
9. Тонкица Петровска - СДСМ
10. Зоран Станоевски-Група избирачи В.Н.
11. Ванчо Стојмирски - СДСМ
12. Мира Стојчевска - СДСМ
13. Елизабета Тасевска - Група избирачи В.Н.
14. Емил Петровски - ВМРО - ДПМНЕ
15. Тони Трајановски - ВМРО - ДПМНЕ

Тони Трајановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е претседател на Советот на Општина Делчево.

Надлежности на Советот
• Го донесува статутот на општината и други прописи;
• Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината;
• Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон;
• Основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и врши надзор над нивната работа;
• Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;
• Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала општината;
• Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината;
• Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со закон;
• Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала општината;
• Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;
• Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со закон;
• Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Миниистерството за внатрешни работи во општината, во согласност со закон;
• Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител;
• Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот и
• Врши и други работи утврдени со закон.
Советот ги образува следните постојани комисии:
• Комисија за статут и прописи
• Комисија за прашања на верификација, избори и именувања,
• Комисија за финансии и локален економски развој,
• Комисија за планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина и природата,
• Комисија за комунални работи и сообраќај,
• Комисија за јавни дејности,
• Комисија за еднакви можности помеѓу жените и мажите.
Донесени се и неколку стратешки документи од голема важност за општината и тоа:
• Профил и Стратешки план за ЛЕР;
• Локален еколошки акционен план;
• Локален акционен план за образование;
• Локален акционен план за социјална заштита;
• Општинска програма и Акционен план за имплементација на Декадата на Ромите во периодот 2009-2012, како и
• Одлука за поддршка на Програмата на Дневниот центар за лица со умерени, тешки и комбинирани пречки во психофизичкиот развој над 18 - годишна возраст.