Повторно санирано тениското игралиште

  • News

Со поддршка од фирмата Алпин-ком деновиве е извршена повторна санација на тенсикото игралиште во Делчево со што тоа ќе биде повторно ставено во функција на љубителите на тенисот како репрезентативен спорт. Соочени со фактот поради вандализмот на кое е подложено игралиштето кое е честа мета на несовесни граѓани, во наредниот период tenиското игралиште ке биде достапно за бесплатно користење на сите љубители на тенисот секоj ден од 15 до 19 h., додека во другиот период од денот игралиштето ќе биде под клуч за да не се дозволи повторно негово уништување.

Исто така, Општина Делчево деновиве врши санација и на другите детски и спортски игралишта, а во агендата е и осветлување на игралиштето кај делчевската гимназија.

 

Shares