Покана за одбележување на 11 Октомври, Ден на почетокот на антифашистичкото востание

  • News

По повод одбележувањето на 80 -годишнината од почетокот на антифашистичкото Востание, 11 Октомври, Општина Делчево организира пригодна свеченост на 11 октомври (понеделник) која започнува во 10,00 ч со положување свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци во центарот на градот.

По тој повод, Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани кои сакаат да присуствуваат на настанот и да положат свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци, тоа да го направат почитувајќи ги актуелните препораки за заштита од болеста ковид -19.

Shares