Се асфалтира улицата „Орце Николов“

  • News
Денес започна асфалтирањето на ул. „Орце Николов“ во должина од 600 метри која е дел од Проектот за поврзување локални патишта во РСМ кој Министерството за транспорт и врски го реализира со финансиска поддршка на Светска банка.
Со поддршка на Владата, преку МТВ и Светска банка одговараме на приоритетите на сите жители на Делчево. Како никогаш претходно, Делчево доби околу 800.000 евра неповратни средства наменети за решавање инфраструктурни проблеми и средства кои носат развој, подобар квалитет на животот и подобрување на состојбата со патната инфратсруктура.
Исто така, интензивно се работи и на изградба на патот Делчево-Тработивиште во должина од 5,3 км со што се добива уште една сообраќајница која овозможува полесен пристап до селата Тработивиште и Разловци, односно се гради уште една патна алтернатива за овие две села во Делчево.
Shares