ИЗВЕСТУВАЊЕ за поставени контејнери за селектирање отпад од стакло

  • News

Општина Делчево ги известува граѓаните дека во градот Делчево на 5 локации се поставени контејнери за одвоено собирање отпад од стакло. Контејнерите се поставени на следните локации:

-.ул. „М.М.Брицо“ (на паркингот под СОУ„М.М.Брицо“ и комплексот Делчевчанка)

-ул. „Кеј на Брегалница“ спроти зграда бр.1,

-ул. „Н.Ј.Вапцаров“ (спроти влезот на ОУ „Ванчо Прке“)

-На градски пазар спроти влезот на Гостилница „Антика“  

-Стар градски пазар (на паркингот кај ресторан „Царевоселски“).

Граѓаните можат отпадот од стакло од домаќинствата да го исфрлаат во кој било контејнер за одвоено собирање на отпадот кој потоа со претходна дојава ќе се подига од страна на ПАКОМАК ДОО Скопје.

Поставувањето на контејнерите за одвојување отпад од стакло е резултат на соработката и потпишаниот Договор за соработка и постапување со отпад од пакување меѓу Општина Делчево, ЈКП „Брегалница“ и  Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување ПАКОМАК ДОО Скопје. Целта е воспоставување систем за целосно, ефикасно, економско оправдано и одржливо интегрално управување и постапување со отпад.

Инаку, имплементацијата на овој Договор значи и почеток на селектирање на отпадот во Делчево. За таа цел, ќе бидат дистрибуирани во периодот 2022-2025, 260 зелени пластични канти од 120 л за собирање ПЕТ-амбалажа, лименки и хартија и 20 зелени пластични контејнери за собирање стакло, а ќе бидат реализирани и кампањи за подигање на јавната свест  во врска со целите и придобивките од собирањето и селекцијата на отпадот од пакување.

Shares