Третооделенците од ООУ „Ванчо Прке“ на средба со градоначалникот Трајковски

  • News

Четириесет ученици од трето одделение од ООУ „Ванчо Прке“ денеска одржаа час по предметот општество со градоначалникот Трајковски во просториите на Општина Делчево.

Запознавајќи ги учениците со надлежностите на Општината, со должностите на градоначалникот, проектите кои се работат, а се во функција на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, градоначалникот Трајковски одговараше и на прашања на учениците. Учениците се интересираа за обврските на еден градоначалник, како изгледа еден работен ден на градоначалникот, поставуваа прашања за активностите кои се спроведуваа за заштита на животната средина, за планираните проекти во училиштата. Подаривајќи му листа со детски желби на градоначалникот, учениците побараа зелени населби и училишта и детски игралишта.

Посетата на ученици на Општина Делчево и на градоначалникот се организира редовно во рамките на предметот општество и во соработка на Општината со образовните институции, а целта е учениците изворно да се информираат за надлежностите на општината, нејзините органи, начинот на носење одлуки и сл.

По средбата со градоначалникот, учениците го посетија и Музејот на град Делчево, а се запознаа и со културното и фолклорното богатство на Делчево.

Shares