ООУ „Ванчо Прке“ го прославува својот патронен празник

  • News

ООУ „Ванчо Прке ” – Делчево денеска го прославува патрониот празник, по тој повод во училиштето се организираше пригоден коктел на кој присуствуваше градоначалникот Горан Трајковски со претставници од Општина Делчево.

По повод патронатот, градоначалникот Горан Трајковски испрати честитка до вработените и учениците во училиштето при што истакна дека Делчево е гордо на успесите во воспитно-образовниот процес на училиштето кое годинава ја испишува 51-та година од постоењето.

При посетата на училиштето градоначалникот Трајковски изврши увид во градежните работи за реконструкција на тоалетите кои се во завршна фаза, а исто така ја посети и ликовната изложба на учениците од шесто до деветто одделение како и новоизработеното катче во холот на училиштето на кое се поставени пехарите од постигањата на учениците и нивните ментори на разни натпревари.

Shares