Покана за чествување на светите заштитници на Делчево, солунските браќа Кирил и Методиј

  • News

Општина Делчево ве поканува на настаните организирани во чест на светителите Кирил и Методиј, заштитници -светители на Делчево.

По тој повод се организирани низа настани со кои Општина Делчево и жителите оддаваат почит на ликот и делото на заштитниците на градот и сесловенските просветители

Настаните започнуваат в петок на 22.05.2026 г. со свечена академија, промоција на книгата „Свети Кирил и Методиј“ и концерт на црковно византиско пеење во изведба на хорот „Света Злата Мегленска“ од Скопје, a продолжуваат в сабота и в недела со свети богослужби и Литија од црквата Св. Кирил и Методиј" до параклисот Св. Климент Охридски" и кршење на славски колач најавена за в сабота со почеток од 18.00ч.

 

 

Програма за чествување по повод 24 Мај

Денот на светите Кирил и Методиј–  покровители и заштитници на Делчево

 

Петок 22.05.2026 година, сала на Спомен дом АСНОМ

19.00 часот: Свечена академија по повод 24 мај Денот на светите Кирил и Методиј покровители и заштитници на Делчево

 

– Обраќање на претседателот на Советот на Оmunicipality of Delchevo, Николчо Стоjменовски,

– Обраќање на градоначалникот на Оmunicipality of Delchevo, Иван Гоцевски,

– Обраќање на г-ин Марко, епископ на Делчевско-каменичката епархија,

– Доделување признанија за хуманост и општествена одговорност,

 

19.30 часот: Промоција на книга Св. Кирил и Методиј”, промотор Монахиња Ирина,

20.00 часот: Концерт на црковно византиско пеење во изведба на Хор “Св. Злата Мегленска” Скопје

 

Сабота 23 Мај, 2026 година

17.00 часот: Вечерна богослужба во крстилницата Св. Наум Охридски“ при соборната црква Св. Кирил и Методиј" in Delchevo

18.00 часот: Литија од црквата Св. Кирил и Методиј" до параклисот Св. Климент Охридски" и кршење на славски колач.

 

Недела 24 Мај, 2026 година 

08.15 часот: Света Божествена литургија во крстилницата Св. Наум Охридски“ при Соборната црква Св. Кирил и Методиј" со која ќе чиноначалствува г. Марко, епископ на Делчевско- кaменичката епархија.

 

Shares