Делчево и Разловци беа домаќини на грандиозен настан, благодарност за сите кои учествуваа во одбележувањето на 150 – годишнината од Разловечкото востание

  • News

Централните настани за одбележување на 150- годишнината од Разловечкото востание се впишаа во историјата, не само на нашата општина, туку и пошироко во државата давајќи му на одбележувањето национален белег.

Општина Делчево и градоначалникот Иван Гоцевски упатуваат благодарност на сите поединци, организации и институции коишто се вклучија и со свој ангажман ја поддржаа манифестацијата за одбележување на 150 – годишнината од Разловечкото востание:

Влада на Република Македонија

Христијан Мицкоски- Претседател на Владата на Република Македонија,

Кабинет на Претседателот на Република Македонија

Луке Галески- Секретар во Владата задолжен за односи со јавност и стратешка комуникација,

Министерство за култура и туризам и министерот Зоран Љутков,

Министерство за одбрана и министерот Владо Мисајловски,

Сашко Лафчиски- Началник на Генералштаб на АРМ,

Драган Ковачки- Пратеник во Македонскиот парламент

Национален конзерваторски центар,

Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец”,

Управа за заштита на културно наследство

Г-дин Марко- епископ на Делчевско-каменичката епархија

Роберт Велјановски, директор на Драмски театар

АД Пошти на Македонија,

Музеј на Македонија

МВР ОВР Делчево

Регионален центар за гранични работи – Исток

ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта на Македонија

Семејството на архитект Ѓеорги Константиновски

Медиуми

Учесници во научната трибина и учесници во планинарскиот марш „По врвиците на разловечките востаници“

Сите институции, здруженија на граѓани, претставници од бизнис-секторот и поединци, како и жителите на с. Разловци.

Посебна благодарност до вработените во Општина Делчево и сите локални институции за нивниот ангажман и придонес во организацијата на настанот и сите добронамерници кои помогнаа во организацијата, а ненамерно се изоставени.

Изразуваме уште еднаш благодарност за поддршката и соработката во организацијата на големиот јубилеј 150 години Разловечко востание. Заедно работевме да го издигнеме споменот на Востанието на пиедестал што го заслужува и по своето значење и по аманетот што го остава на идните генерации.

Се надеваме дека бевме добри домаќини!!!

Shares