Јавен повик за формирање Иницијативен одбор за конституирање Локално собрание на млади на Општина Делчево за избор на членови на Локален младински совет на Општина Делчево

REPUBLIC OF NORTHERN MACEDONIA
MUNICIPALITY OF DELCEVO
LOCAL GOVERNMENT
Бр. 08-447/1
10/03/2021 година
DELCEVO

 Врз основа на членот 17 од Законот за младинско учество и младински политики (“Службен весник на Република Северна Македонија“ број 10/2020), Општина Делчево на ден 10.03.2021 year утврди

 

PUBLIC CALL
За формирање Иницијативен одбор за конституирање Локално собрание на млади на Општина Делчево за избор на членови на
Локален младински совет на Општина Делчево

(1) Општина Делчево пристапува кон формирање на Младински совет на Општина Делчево, како советодавно и претставничко тело за младински прашања и политики.

(2) Претставниците на локалниот младински совет имаат право да:

  • – предлагаат точки на дневен ред на Советот на Општина Делчево,
  • – иницираат, учествуваат и даваат повратни информации за процесот на локална младинска стратегија и други политики,
  • – доставуваат информации до Општина Делчево за прашања кои се однесуваат на младите и
  • – вршат други советодавни и застапувачки работи во согласност со законот за младинско учество и младински политики.

(3) Бројот на членови на Локалниот младински совет е непарен и не надминува повеќе од една третина од членовите на Советот на Општината, но не може да биде помалку од пет лица. Членовите на Локалниот младински совет имаат мандат од две години со право на уште еден избор.

(4) Собранието на млади избира членови на Локалниот младински совет по пат на непосредни избори со тајно гласање во кое право на глас имаат делегатите од Локалното собрание на млади. За избрани членови на Младинскиот совет на Општина Делчево се сметаат оние кандидати кои освоиле најмногу гласови од страна на присутните делегати. Членовите на Младинскиот совет на Општина Делчево се верификуваат од страна на Советот на Општина Делчево. Од членовите на Младинскиот совет на Општина Делчево се избираат претседател и заменик претседател.

(5) Општина Делчево распишува јавен повик за членови на Иницијативен одбор за конституирање на Локално собрание на млади на Општина Делчево.

(6) Иницијативниот одбор ќе го распише јавниот повик за одржување конститутивно Собрание на млади на Општина Делчево.

(7) Иницијативниот одбор се формира само за одржување на конститутивното Собрание на млади на Општина Делчево.

(8) Бројот на членови во Иницијативниот одбор е пет и единствено тие членови имаат улога да го формираат Локалното собрание за млади. Времетрањето на ИО е краткорочно и завршува со свикување на првото Локално собрание на млади. Општината е задолжена за нивна селекција и работата на истото се координира и помага од службеникот за млади во Општината.

(9) Се повикуваат сите младински организации, организации на млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување да поднесат пријава за формирање на Иницијативниот одбор за свикување на Собранието на млади на Општина Делчево.

(10) Организациите од точката (9) на овој Јавен повик не мора да бидат регистрирани во Општина Делчево, но мора да имаат активности на подрачјето на Општина Делчево.

(11) Организациите од точката (9) на овој Јавен повик кои ќе членуваат во Собранието на младите на Општина Делчево избираат делегат и заменик делегат, кои мора да бидат жители на Oпштина Делчево на возраст од 15 до 29 години.

(12) Задолжителни документи за пријавување за формирање на иницијативен одбор:

  • Портфолио на организацијата/групата/здружението,
  • Годишна програма за работа,
  • Извештај за активности со млади во изминатата година,
  • Писмо со номинација за член во Иницијативен одбор и контакт-информации,
  • Кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија.

(13) Пријавите за членство во Иницијативниот одбор за конституирање на Собранието на млади на Општина Делчево се поднесуваат до Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот или по пошта на адреса: Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1, со назнака „За Јавниот повик за свикување Иницијативен одбор за Советот на млади на Општина Делчево“

(14) Јавниот повик трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Делчево и Огласната табла во Општина Делчево.

MUNICIPALITY OF DELCEVO
Mayor
Goran Trajkovski

Shares