„За безбедно детство“- Ликовен конкурс по повод Денот на македонската полиција

Општина Делчево и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ по повод Денот на македонската полиција, 7 Мај, распишуваат Ликовен конкурс на тема „За безбедно детство“. На Конкурост можат да учествуваат сите талентирани ученици на возраст до 19 години кои можат да творат во слободна техника, односно техника по избор.

Конкурсот е отворен од 15 април до 3 мај, а ликовните дела со податоци за авторот да се доставуваат до НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ Делчево. Делата ќе ги оценува стручна комисија составена од ликовни уметници од Делчево.

За најдобрите творби во две категории: прва категорија учесници на конкурсот на возраст до 14 години и втора категорија на возраст од 15 до 19 година, Општина Делчево ќе обезбедени пригодни награди.

Shares