СООПШТЕНИЕ за дефект на градските семафори

Општина Делчево ги информира граѓаните дека семафорите на крстосницата помеѓу булевар „Македонија“ и улицата „Методи Митевски Брицо“ не се во функција поради сериозен дефект на контролната единица што бара соодветна стручна интервенција. Сè до отстранување на дефектот на семафорите, потребна е поголема внимателност и поодговорно учество во сообраќајот од сите учесници.

Потенцираме дека крстосницата е регулирана со вертикална сообраќајна сигнализација и АПЕЛИРАМЕ до учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација, сообраќајните правила и прописи, да се движат со намалена брзина и зголемена претпазливост со посебно внимание кон пешачките премини.

Воедно, напоменуваме дека од страна на Општина Делчево до МВР- Полициска станица од општа надлежност Делчево е побарано да се врши контрола и по потреба регулација на сообраќајот на оваа крстосница сè до целосно отстранување на дефектот на семафорите.

Бидете одговорни учесници во сообраќајот!

Shares