Чистење на еднекот Грозданец и диви депонии во блиската околина

  • Новости

Во согласност со Годишната програмата на Општина Делчево за регулација на речните корита и водотеци како и програмата на ЈПКД ,,Брегалница” за чистење на диви депонии денес механизација и екипи на Јавното комунално претпријатие вршеа чистење на ендекот Грозданец како и дивата депонија формирана во ова подрачје.
Од ЈПКД „Брегалница“ и Општина Делчево апелираме до граѓаните за поголема свест за чистата животна средина.
Со акција за чистење ќе се продолжи и во наредниот период согласно Годишната програма за работа на ЈПКД „Брегалница“ и општина Делчево.

Shares