Се градат пристапните рампи на пешачкиот мост во Делчево

Интензивно се работи на изградбата на пристапните рампи на првиот пешачки мост на реката Брегалница. Согласно со проектот, пристапните рампи на пешачкиот мост се составени од пешачка рампа и скали изградени од бетон, а поплочени со ќерамички плочки. Пристапните рампи ќе добијат соодветно осветлување со канделабри.

Доколку дозволат временските услови, изведувачот на работите, фирмата СД ТРАНС од с. Ѕвегор, работите треба да ги заврши најдоцна за два месеци.

Вредноста на работите изнесува 3,5 милиони денари, а средства се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево.

Со изградбата на пристапните рампи комплетно се заокружува инфраструктурниот проект „Збогатување на туристичката понуда со изградба на пешачки мост на река Брегалница во Делчево“. Минатата година беше изграден пешачкиот мост на река Брегалница кој го поврзува стариот со новиот дел на градот, но претставува и украс на градот и е дел од туристичкиот пакет на Делчево. Исто така, минатата година заврши и изградбата на пристапната улица во должина од 120 метри со која пешачкиот мост доби заокружена инфраструктурна целина.

Shares