Дезинфекција на улици и јавни површини

  • Новости

Во рамките на мерките кои ги презема Општина Делчево во насока на спречување од ширење на заразата од Ковид-19, екипи на ТППЕ Делчево вечерва и утре во периодот по 22 часот ќе вршат миење и дезинфекција на улиците и јавните површини во градот. Дезинфекцијата се врши со раствор од хлор за што ЈКП „Брегалница“ има набавено доволни количини.

Воедно, претставници на куќните совети од колективните згради за домување се известени преку соопштение дека е потребно да извршат дезинфекција на влезовите, скалите и просториите кои заедно ги користат. Потребното средство за дезинфекција можат да го набават од ТППЕ Делчево, секој ден.

Воедно, редовната дезинфекција на просториите на административната зграда на Општина Делчево ќе се изврши на 21.08.2020 година во 15.30 часот.

Shares