Одржана 49 Седница на Советот на Општина Делчево

Статутарни измени, одлуки од областа на урбанизмот и програми за работа за 2021 год. како и извештаи за реализација на активности за 2020 г. беа главните точки од Дневниот ред на 49-та Седница на Советот на Општина Делчево.

Советниците ги донесоа: Извештајот за реализирани активности на ЈЛБ „Илинден“ за 2020 г и Програмата за работа на ЈЛБ „Илинден“ за 2021 г; Извештајот за 2020 и Програмата за социјална заштита на Општина Делчево за 2021 г; Програмата за еднакви можности на жените и мажите и работа на КЕМ за 2021 г; Извештајот за реализација за 2020 г и Програмата за одбележување настани и културни манифестации за 2021 г; Извештајот за реализација за 2020 г. и Програмата за односи со јавноста и промоција на Општина Делчево на 2021 г; Програмата за уредување градежно земјиште на подрачјето на Општина Делчево за 2021 година; Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општински патишта и улици во Општина Делчево за 2021 година;

Статутарните измени кои ги усвоија советниците се иницирани поради законските измени во делот на Партиципативното тело од областа на урбанизмот и Законот за урбанистичко планирање од 2020 г. , како и законските измени во делот за Советот на млади.

На денешната Седница се донесе и Одлуката за утврдување зони за процена на пазарна вредност на недвижен имот  и утврдување пазарна вредност на  градежно и земјоделско земјиште според просечни цени на извршени купопродажби во предходната година наподрачјето на Општина Делчево.

Донесена е и Одлука за Детален урбанистички план за урбана единица 2, дел од блок 2,1 – Кожара, град Делчево, Општина Делчево, плански период 2015-2020 со површина од 3,035 ха;

Советниците донесоа и Одлука за доделување парична помош на Здружението на граѓани „ОБНОВА ГЛОБАЛ“ Струмица во износ од 60.000 денари. Средствата ќе бидат наменети за санирање на штетата настаната од пожарот што го зафати објектот „Глобал“ Струмица.

Shares