Се избира најповолен понудувач за санација на кровната конструкција на Спомен –домот „Разловечко востание“

Во тек е постапката за избор на најповолен понудувач по Јавниот повик за санација на кровната конструкција на спомен-домот „Разловечко востание“ во селото Разловци. На Повикот аплицирале 6 економски оператори, а деновиве Комисијата за јавни набавки при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ треба да го избере екпономскиот оператор со најповолна понуда и по потпишување на Договорт, ќе започне санацијата на овој значаен објект кој го чува споменот на Разловечкото востание.

Проценета вредност на договорот за јавна набавка е 435.568,00 денари без вклучен ДДВ, а инвеститор е Министерството за култура. Градежните работи треба да завршат за 30 дена од потпишувањето на Договорот со економскиот оператот.

Инаку, санацијата на кровната конструкција е прва фаза од планираната реконструкција на објектот и претставува заштита на објектот од надворешни влијанија и е еден од приоритетите за решавање во Разловци.

Спомен-домот посветен на Разловечкото востание долги години беше оставен без кров, наместо ќерамиди само со црна хартија, а состојбата со објектот беше кататсрофална. Спомен- домот „Разловечко востание“ е уникатно архитектонско дело на архитектот, проф.д-р Ѓорѓи Константиновски, кој во 1980 ја освои и првата награда за архитектонско решение на весникот „Борба“ на ниво на СФРЈ и на уникатен начин го чува споменот на првото вооружено востание на македонскиот народ за ослободување од Отоманската Империја.

Shares