Симулација на пожар во СОУ „М.М.Брицо“

  • Новости

Денеска во СОУ „М.М.Брицо“ се одржа тактичко-показна вежба на ТППЕ Делчево исценирана со симулација на пожар и евакуација на повредени лица од зградата на гимназијата.   

По дојавата за пожар во делчевската гимназија, ТППЕ Делчево реагираше со 15 пожарникари со три противпожарни возила, командно и навално возило и со потполна лична опрема при што беше изгаснат пожарот, евакуирани ученици и персоналот, а беа извлечени и  две повредени лице од објектот од кои едното со скала на височина. Евакуацијата на учениците и на вработените во училиштето беше завршена за краток временски период. Во акцијата учествуваа и волонтери од ОО на Црвен крст Делчево.

 Грдоначалникот Горан Трајковски присуствуваше на оваа симулациска вежба и изрази задоволство од подготвеноста на пожарникарите за справување со пожарите и на објекти, но и на отворен простор. 

Овие вежби се редовна практика на ТППЕ Делчево и се изведуваат со цел да се види подготвеноста и физичка и психичка на пожарникарите во услови на појава на пожар во објектите на институциите во градот, но и да се провери исправноста на опремата. Изминатиот период, во континуитет работевме за да ја подобриме опременоста на единицата, но и условите за престој на пожарникарите. Обезбедивме и ново противпожарно возило, како и опрема за лична заштита на пожарникарите, што значи дека на нивната професионалност додаваме битен елемент за нивната лична заштита, истакна Трајковски.

Shares