Нова кабинетска опрема за природни науки во ООУ „Св.Климент Охридски“

  • Новости

Во ООУ „Св.Климент Охридски“ во Делчево комплетно се опремени кабинети за изучување предмети од групата природни науки. Станува збор за комплетно нова опрема на два кабинети и опремување на лабораторија за потребите на наставата по хемија и билогија, како и останатите предмети од групата природни науки.

Опремата е донација од Министерство за образование и наука, а целта е  унапредување на образовниот процес во основното образование, посебно препознавајќи ја важноста на изучувањето на природните науки.

Shares