Во Делчево ќе се гради нова детска градинка

Со средства од Програмата за изградба, опремување и одржување објекти за детска заштита за 2022 г. од Буџетот на Република Северна Македонија преку МТСП, во Делчево ќе се гради нова детска градинка. Локацијата на новата детска градинка е во населбата Расадник, а  градинката ќе биде со капацитет за 150 дечиња со што трајно се решава проблемот со листата на дечиња од Делчево кои чекаат да бидат прифатени во детската градинка. Како што истакна градоначалникот Трајковски, овој проект значи инвестиција во раниот детски развој, прифаќање на сите дечиња во претшколско образование и нивна подготовка за училишните клупи.

-Изградбата на нова детска градинка е капитален проект за Делчево. Изминатиов период посветено работевме за да оствариме уште едно ветување пред граѓаните и да изградиме уште еден капитален проект кој ќе биде украс на градот и кој ќе сведочи за нашата работа и мотивираност да го направиме нашето Делчево убаво место за живеење и да одговориме на потребите на сите категории граѓани. Со изградбата на новата детска градинка инвестираме во раниот детски развој и создаваме современи услови за згрижување и воспитување дечињаВо оваа прилика, изразувам посебна благодарност на МТСП и до Владата што излегоа пресрет на потребите на дечињата во Делчево, рече Трајковски. 

Вкупната вредност на проектот е околу 48 милиони денари и претставува вкупна цена за изведување градежни работи за изградба на детската градинка и набавка и монтажа на потребна опрема за градинката.
Shares