Покана за одбележување на 7 Септември, Денот на ослободувањето на Делчево

  • Новости

Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на настаните организирани по повод одбележувањето на двата значајни датуми за Делчево, Денот на ослободувањето на Делчево, 7 Септември и Денот на независноста на РСМ, 8 Септември.

По тој повод, Општина Делчево во соработка со ЈЛБ „Илинден“, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, КУД „Гоце Делчев“ и општинските училишта, ја организира следната програма:

Понеделник, 05.09.2022
12:00 ч. – Свечено пуштање во употреба на конгресната сала во СОУ „М.М.Брицо“

Вторник, 6 септември 2022
11:00 ч.  – Свечено пуштање во употреба на инклузивното игралиште во ООУ „Ванчо Прке“ (училишен двор на ООУ „Ванчо Прке“)
19:30 ч. Вечер на староградска песна во чест на Слободан Илиоски (летна сцена)

Среда 07.09.2022
10:00 ч. – Положување свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци во центарот на Делчево;
10:30 ч.- Свечено пуштање во употреба на градската фонтана „Бесконечност“
11:00ч. – Свечена седница на Советот на Општина Делчево (фоаје АСНОМ)
17:00 ч.- Турнир во пинг-понг (спортска сала СОУ „М.М.Брицо“)
19:00 ч. – Промоција на монографијата „Паметници на Делчево- манастири и сеќавања на царевоселци“ од Драган Арсов и Софрон Ѓеоргиевски (фоаје на спомен-дом АСНОМ).

Сабота 10.09.2022
 12:00 ч. Делчево-фест и Пијанечко-Малешевска свадба (летна сцена ).

Shares