Јавна дебата „Жените од Делчево креатори на локални политики

  • Новости

Во Делчево се одржа јавна дебата на тема  „Жените од Делчево-креатори на локални политики“ на која учество зедоа претставници од Општина Делчево, НВО КХАМ, претставници од тимот „Низ женски леќи“, локалните граѓански организации, како и заинтересирани граѓани.

Целта на дебатата е поголема транспарентност на процесот на родово одговорно буџетирање од страна на локалната самоуправа, но и можност граѓанските организации да ги претстават своите модели на политики и препораки. Ова го истакна менторката на проектот „Низ женски леќи“, Кјмет Амет, од Ромската асоцијација за жени и малди ЛУЛУДИ.

На дебата беше презентиран и мониторингот на Програмата за социјална заштита на Општина Делчево за 2021 г, која е прва родово одговорна Програма на Општина Делчево и една од трите планирани програми за мониторинг кој го реализира НВО КХАМ во рамките на проектот „Со гласот на жените до родово одговорни локални политики“.

Јавните дебати се одржуваат во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање  политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Центарот за истражување и креирање политики, Лулуди, Рурална Коалиција, Новинари за човекови права и ЕХО-Штип.

Shares