Парична помош за секое прваче

Општина Делчево од месец септември 2020 година воведува нова мерка која значи поддршка на родителите чие дете го започнува образовниот процес.

Право на еднократна помош за прваче има секое семејство кое го запишале своето дете – прваче во основните училиште на територијата на Општина Делчево. Висината на паричната помош за секое прваче изнесува 3.000 денари.

Постапката за доделување парична помош за прваче се поведува со поднесување писмено барање до Архивата на Општина Делчево. Подносителот, исто така, потпишува изјава за користење на неговите лични податоци во постапката за остварување и користење на правото на парична помош, а ги доставува и следниве документи:

  • Барање и изјава
  • Важечка лична карта на еден од родителите;
  • Извод од матичната книга на родените за детето;
  • Потврда за запишан ученик во прво одделение заверена од основното училиште;
  • Трансакциска сметка на барателот.

Барањето за остварување на правото на парична помош за прваче се поднесува во рок од  три месеци од почетокот на школската година.