Повик за поднесување на понуди (ППП) – ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP)

Повик за поднесување на понуди (ППП)

 

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА  МАКЕДОНИЈА

ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP)

 

MSIP-NCB-109-19

 

  1. Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN DevelopmentBusiness со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари, 2010 година.

 

  1. Република Македонија доби кредит од Меѓународната банка за обнова и развој за Проектот за подобрување на општински услугите и има намера дел од добиените средства од овој Кредит да ги искористи за исплата по договор за набавка на стоки – Набавка на “Мултифункционално комунално возило, односно камион за метење и чистење на улици”– MSIP-NCB-109-19

 Општина Делчево ги повикува соодветните и квалификувани Понудувачи за набавка и транспорт на:

“Мултифункционално комунално возило, односно камион за метење и чистење на улици”

  1. Поднесувањето понуди ќе се спроведе преку процедури за национално конкурентно наддавање (NCB) како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, (од јануари 2011 година), и е отворен за сите Понудувачи од квалификуваните држави како што е дефинирано во тендерската документација.
  2. Заинтересираните Понудувачи може да добијат дополнителни информации од:

Општина Делчево  и да извршат увид во тендерската документација на наведената адреса: Општина Делчево, Светозар Марковиќ” бр. 1, Делчево, Република Македонија од 07:30 до 15:30 часот не подоцна од 03.02.2020 година.

 

  1. Заинтересираните Понудувачи може да ја подигнат комплетната тендерска документација на македонски јазик по поднесување на барање на адресата дадена подолу:

Предмет: Набавка на “Мултифункционално комунално возило, односно камион за метење и чистење на улици”

 Адреса: „Светозар Марковиќ” бр. 1, Делчево, Поштенски број: 2320, Република Македонија, e-mail: info@delcevo.gov.mk и по плаќањето на неповратна такса од 3.000,00 MKD или противвредност во согласност со продажниот девизен курс на Народната банка на Република Македонија на денот на плаќањето.

  • a.)           За плаќања во МКД – број на сметка
  • Банка: Народна банка на Република Северна Македонија
  • Број на сметка: 100000000063095
  • Буџетска корисничка сметка: 720014032063012
  • Приходно конто: 724-125
  • Програма: 00

Комплетот тендерска документација ќе биде испратена во електронска форма на адресите доставени од страна на Понудувачите во форма на писмено или електронско барање.

Понудите треба да бидат доставени на долунаведената адреса: Општина Делчево, Предмет: Набавка на “Мултифункционално комунално возило, односно камион за метење и чистење на улици” Адреса: Светозар Марковиќ” бр. 1, Делчево, Поштенски број: 2320, Република Македонија, не подоцна од:

 12:00 попладне (по локално време) 18.02.2020 година.

Сите понуди мора да бидат придружени со гаранција на понудата не помалку од 50.000,00 MKD. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе решат да присуствуваат на адресата наведена подолу: Адреса: Светозар Марковиќ” бр. 1, Делчево, Поштенски број: 2320, Република Македонија, во:
12:00  (по локално време) 18.02.2020 година.

Shares