Подготовки за верскиот празник Водици

Привршуваат подготовките за чествувањето на православниот христијански празник Св. Богојавление-Водици во Делчево. Почитувајќи ја традицијата, в недела на 19 јануари, празнувањето ќе започне во градската црква Успение на пресвета Богородица”со света литургија во чест на празникот, а во 09.00 часот во црквата ќе се спроведе лицитација на осветени икони.

Светата литија ќе започне во 10.00 часот од градската црква во Делчево до мостот на реката Брегалница, каде ќе биде донесен светиот крст, по што во 10, 30 мин. ќе се одржи церемонијата за осветување на водите на река Брегалница.

По традиција, по чинот на осветување на водите, светиот крст ќе биде положен пред иконостасот во градската црква Успение на пресвета Богородица” во Делчево.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, на среќниот пронаоѓач на крстот во водите на река Брегалница ќе му додели ваучер во износ од 10. 000 денари. Од страна на Црквата во Делчево ќе биде доделена света икона, додека фирмата „Зегин“, како општествено одговорна компанија и оваа година ќе додели телевизор и бањарка.

Shares