Соопштение за отстранување хаварисани возила, машини и опрема од јавна површина

Општина Делчево ги известува сопствениците на хаварисани, нерегистрирани возила, приклучни возила и земјоделски машини и механизација кои се поставени на јавни површини дека е потребно да ги отстранат од јавните површини на територијата на Општина ДелчевоПаркирањето вакви возила на јавни површини е строго забрането, бидејќи, освен што ја нагрдува сликата на општината, го попречува и одвивањето на сообраќајот и ја загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот, посебно пешаците, но ја загрозува и негативно влијае врз животната средина. Сопствениците на вакви хаварисани возила, машини и опрема е потребно сами да ги отстранат, во спротивно ќе бидат отстранети од надлежните служби.

Shares