Biography

Иван Гоцевски е градоначалник на Општина Делчево избран на Локалните избори во октомври 2025 г. и ја добива довербата од граѓаните да ја води Општината во периодот 2025-2029 година.

Гоцевски е роден во Штип на 23.02.1988 година. Основно и средно образование завршува во Делчево, а образованието го продолжува на Економскиот факултет во УНСС, Софија, Р. Бугарија, каде се здобил со звање дипломиран економист, специјалност и бизнис-администрација, а потоа и магистрирал и се стекнал со звање магистер по бизнис и администрација.

Најголемото работно искуство го стекнува во приватниот сектор како комерцијалист во делчевската фирма БРЕГАЛ ДОО, но работел и во РУДИНЕ ММ, каде бил одговорен за сезонската преработка на плодови од вишна и слива. Добар познавач е на состојбите во земјоделството, посебно овоштарството и е импресивна неговата поддршка на земјоделците, посебно на овоштарите за откуп и пласман на производите. Познат хуманист и поддржувач на маргинализираните категории граѓани.

Гоцевски е оженет и татко на две деца. Тој е љубител на спортот и вљубеник и голем поддржувач на делчевскиот Фудбалски клуб „Брегалница“, каде членувал во сите младински категории на Клубот. Во периодот од 2021 до 2025 г. е член на Советот на Општина Делчево и координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата. Од 2022 година е претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Делчево.

Неговата визија за родното Делчево е Делчево да се изгради во урбана средина и да биде посакувано место на живеење. Родниот град да создава услови за сите деца да се среќни, да има многу насмеани детски лица и џагор, но градот да обезбедува и личен раст и развој на секој граѓанин. Целата енергија наредните 4 години ќе ја насочи во економски напредок и просперитет на градот, а пред сè, во остварување на неговата примарна цел: Општина Делчево да прерасне во одговорна и услужна општина за сите и да биде Општина по мерка на граѓаните.

Address: Градоначалник на Oпштина Делчево
st. "Svetozar Markovic" no.1
2320 Delchevo

Тел./факс:  033-411-550
е-маил: info@delcevo.gov.mk

Facebook страница LINK

Анкетен лист- LINK