Сместувачки капацитети

Делчево и, воопшто, регионот Пијанец има богато културно- историско наследство и одлични природни локалитети за развој на туризмот. Туризмот е приоритет за развој во стратешките документи на општината. Исто така, во Стратегијата за развој на Источен плански регион со акциски план (2016-2025), микрорегионот е препознаен како одличен потенцијал за развој на неколку видови туризам и дефинирани се конкретни мерки и активности во тој правец.

Денес во рамките на Општина Делчево функционираат:

  1. Хотел „Санрајс“ спа- центар располага со надворешен и внатрешен базен, со 14 соби, од кои три се апартмани и вкупно 36 легла.
  2. Хотел „Панорама“-располага со 10 двокреветни соби
  3. Мотел „Парк панорама“- располага со 6 соби и 12 легла
  4. Хотел „Македонија“-располага со 55 легла
  5. Ресторан и хотел „Трла“ –располага со 8 соби и 20 легла.
  6. Хотел „Либеро“- располага со 16 соби и 32 легла
  7. Комплекс „Царевоселски“-располага со 12 соби со 26 легла.
  8. Вила „Гранит“ на Голак, располага со 35 легла.
  9. Хостел „Престиж“, локација на ул. „Мирче Ацев“ во Делчево-располага со 20 легла.
  10. Сместувачки капацитет „СтараТВ“ локација „Неретва“ бр.19, Комфот-категорија, сопственик Стефчо Богдановски; 15 легла
  11. Сместувачки капацитет на планината Голак: Планинска вила „Голак“, локација Голак; сопственик Стефчо Богдановски; комфорт категорија, 6 легла.
  12. Сместувачки капацитет во рурална средина: Етно вила „Самовила шишар“ с. Ѕвегор; локација на м.в. Шишар во с. Ѕвегор; комфорт категорија; сопственик Илчо Илиев; бр. на легла 8.
  13. Сместувачки капацитет во рурална средина: Сопственик Ана Ситновска-Димитровска; локација с. Тработивиште; стандард категорија; бр. на легла 10.