
He is the current President of the Council of the Municipality of Delchevo д-р Николчо Стојменовски кој по професија е дипломиран доктор по ветеринарна медицина. Роден е на 05.07.1981 година во Делчево. Во Делчево завршува основно и средно образование, а во 2006 година дипломира на Тракискиот универзитет на факултетот за ветеринарна медицина во град Стара Загора, Р.Бугарија. По дипломирањето работи како менаџер во медицинска фирма ХИПОКРАТ-МЕД, потоа во приватната ветеринарна станица ДЕЛ-ВЕТ Делчево, извесен период 2016-2017 работи во ветеринарната клиника Симеоново во град Софија, а во периодот од 2018-2019 работи во СМАРТ-ВЕТ ветеринарната клиника во град Констанц и во град Нирмберг, Р. Германија. Моментално е вработен во подрачната единица на АХВ во Делчево.
Главен мотив при работењето му е заедништвото, сплотеноста и соработката.
Визијата од која се води е сите да работиме заедно за доброто на Делчево – за негов напредок, просперитет и транспарентност. Не постојат „наши“ или „ваши“ проекти – постојат само лоши и добри идеи. Делчево е нашиот заеднички дом, и само преку колективни напори, со отворени срца и чисти намери, можеме да ја градиме неговата иднина.



