Тактичко-показна вежба и промоција на опрема- одбележан Денот на пожарникарите во Делчево

  • News

Со успешно спроведена тактичко- показна вежба- симулација на автомобилска несреќа и извлекување повредено лице од автомобил, како и гасење пожар на запалено возило, но и презентација на новите возила и опрема во Делчево е одбележан Денот на македонските пожарникари, 20 мај.

По дојавата за автомобилска несреќа на една од најфреквентните крстосници во центарот на Делчево, интервенцијата на екипите од ТППЕ Делчево беше брза и ефикасна со што уште еднаш на дело се покажа стручноста и ефикасноста на делчевските пожарникари.

Овие вежби се редовна практика на ТППЕ Делчево и се изведуваат со цел да се види  физичката и психичката подготвеност на пожарникарите во услови на вистинска појава на пожар во објектите, при автомобилски несреќи, но и да се провери исправноста на опремата, истакна Миле Тодоровски пожарникар од Делчево.

Грдоначалникот Горан Трајковски who присуствуваше на оваа симулациска вежба изрази задоволство од подготвеноста на пожарникарите за справување со пожарите и на објекти, но и на отворен простор. Честитајќи го празникот на пожарникарите, тој ја додели и традиционалната награда на најдобриот делчевски пожарникар за оваа година, Горан Гоцевски.

 Посебно сум горд што како локална власт, успеавме изминатиот период на стручноста на пожарникарите, да додадеме и дополнителна вредност- нова опрема и нови возила. Нашите ветувања се остварија. Јавноста знае дека по половина век, за прв пат, ТППЕ Делчево минатата година доби ново противпожарно возило, а по пат на донација од наши пријатели од Словенија се набавени уште две противпожарни возила и опрема. Перманентно инвестиравме за да ја подобриме опременоста на единицата, но и условите за престој на пожарникарите. Обезбедивме опрема за лична заштита на пожарникарите и ,она што е посебно важно, ги решававме наталожените проблеми и ги регулиравме платите и додатоците од плата, рече Трајковски.

Воедно, денеска градоначалникот Трајковски за прв пат додели и Плакета за општествена одговорност на делчевската фирма „Брегал“ за општествена одговорност и континуирана соработка и поддршка на ТППЕ Делчево и на Општина Делчево.

Сопственикот на фирмата „Брегал“, Драган Сугарев, изрази благодарност апелираше до сите компании во Делчево да покажуваат хуманост и да си го сакаат својот град, бидејќи граѓаните и Делчево го заслужуваат тоа.

Пожарникарството во Делчево испишува history of 7 decades of operation. Првото доброволно противпожарно друштво formed by Ilija Damjanov Krstevski from Delcevo in the 50s, po what is formed the first unit led by Commander Nikola Dimitrovski.

 

0Shares
0