Делчевските матуранти ја прославија матурата

  • News

Генерацијата матуранти 2018/2022 од делчевската гимназија СОУ„М.М.Брицо“ вечерва ја прославија својата матура. По пауза од две години поради пандемијата, матурантите ја вратија традицијата и пред почетокот на матурската забава, се одржа  дефилето на матурантите низ улиците во центарот на градот.

Дефилето на матурантите кои и годинава беа во полн сјај, го проследија голем број граѓани кои заедно со нив се радуваа на генерацијата која чекори во иднината исполнета со многу соништа и амбиции.

 Претседателот на Советот на Општина Делчево, Гоце Попов, најдобрите 10 матуранти од СОУ „М.М.Брицо“ им ги додели наградите во вид на наградно патување низ Европа, а во своето обраќање пред матурантите, Попов, истакна дека доделувањето на оваа награда е со цел да се поттикнат учениците да постигнуваат одлични резултати во текот на нивното школување.

Ви ја честитам матурата и ви посакувам да бидете достоинствени во животот, мудри, напорно да работите и да ги остварите вашите соништа и амбиции. Матурата е почеток на нов период од вашиот живот. Не заборавајте дека знаењето стекнато во средношколскиот центар во Делчево ќе ви биде добра основа за иднината, но незаборавните ученички денови и пријателства ќе ве држат цврсто во животот и нека ви останат како аманет за едно другарство кое ќе ве следи целиот живот, порача Попов.

 Градоначалникот Трајковски во честитката упатена до матуранти потенцираше дека матурантите ја имаат моќта и можноста да го менуваат светот на подобро.

–          Не заборавите дека овој наш град ги остава отворени вратите за вас, по вашето студирање, патување или прошетките низ светот, запаметете дека сакаме во Делчево да ја градите вашата иднина, порача Трајковски.

Годинава во СОУ „М.М.Брицо“ завршуваат 102 матуранти.

0Shares
0