Одржан планинарскиот марш во чест на 146-годишнината од Разловечкото востание

  • News

По повод 146 години од Разловечкото востание, Општина Делчево и НУЦК „Никола Јонкова Вапцаров“ во партнерство со ПСК „Голак“ реализираa планинарска акција со маршута : Ружини cреши 660 м.н.в. – Тработивишки кукуље 810 м.н.в. – Брана Лошана 828 м.н.в. – Лошански рид 870 м.н.в. – Село Разловци with 690 м.н.в., во вкупна должина од 11 км.

На маршот учествуваа членови од ПСК „Голак“, како и планинари од Делчево, Штип,Виница и Зрновци.

Како што истакна претседателот на ПСК „Голак“, Љупчо Чучуковски, маршутата дала одлична можност за посета и запознавање со природните раритети во овој дел од Пијанец, а по пристигнувањето во с. Разловци значајно внимание било посветено на историскиот дел и фактите за Разловечкото востание.

0Shares
0