Conclusions from the Regional Crisis Headquarters of the municipalities of Delchevo and M. Kamenica

1.  Да се почитуваат мерките и препораките донесени од страна на Владата на РСМ

–        Сите лица кои дошле од земjите со висок и среден ризик да ja почитуваат мерката самоизолациja во траењe од 14 дена;

–        Доколку овие и други лица почувствуваат симптоми на болеста коронавирус-COVID 19, да не се упатуваат лично во здравствените институции туку да се jават на телефонот на ЦЈЗ 071-373-913 од каде ќe добиjat насоки како да постапат и на коj начин ќe им биде извршено тестирањe за болеста;

–        Сите институции на локално ниво да извршат дезинфекциja на работните простории и, доколку работат со странки, да обезбедат средства за дезинфекциja на влезовите во институциите;

–        Приватните компании кои вршат превоз на своите работници со организиран превоз да вршат честа и редовна дезинфекциja на возилата за превоз,  да вршат честа и редовна дезинфекциja на просториите и да преземат мерки за подигнувањe на хигиената во работните просториите;

–        Советите на станарите во колективните живеалишта да извршат дезинфекциja на влезовите и скалите во зградите.

2. ЈЗУ ЗД Гоце Делчев – Делчево да обезбеди возило кое ќe има единствена намена да врши превоз на инфицирани лица или на сомнителни случаи до инфективните клиники согласно со претходна консултациja и препорака од ЦЈЗ.

3. ЕЛС  Делчево и ЕЛС М.Каменица да вршат редовна и честа дезинфекциja на улиците, тротоарите и урбаната опрема во градовите и населените места.

4. Да се изврши затварањe на градските пазари во градовите Делчево и М.Каменица со цел превенциja од можно ширењe на оваа болест до донесувањe на наредна одлука.

5. Такси- компаниите и компаниите кои вршат jавен превоз на подрачjето на општините Делчево и М.Каменица да вршат честа и редовна дезинфекциja на возилата.

6. Локалните маркети, продавници, аптеки и банки да го ограничат броjот на присутни лица во исто време внатре во обjектите со цел да се намали опасноста од можно ширењe на оваа болест да се одржува прописно растоjание помеќу посетителите, а исто така, на влезовите во овие обjекти да се постават садови со раствор за дезинфекциja на обувките на посетителите.

7. Апел до граfаните да не се крева паника и да не се врши панично купувањe залихи од храна, бидејќand маркетите и продавниците вршат редова дополна.

8. Секоja институциja да назначи лице за координациja и наредни состаноци и податоци за тоа лице да се достават до РЦУК – Делчево веднаш по добивањето на заклучоците.

Shares