Соопштение за болеста африканска чума кај свињите

Во врска со актуелната појава на болеста африканска чума кај свињите во атарот на с. Драмче, Општина Делчево ја известува јавноста дека станува збор за вирусно заболување кај свињите кое не носи ризик по јавното здравје, односно луѓето не заболуваат од вирусот, бидејќи не се приемчиви за вирусот кој ја предизвикува болеста.

Во контекст на превенција од ширење

  • Одгледувачите веднаш да пријават до ветеринарните друштва и официјалните ветеринари доколку забележат појава на симптоми кај животните!
  • Доколку и кај едно животно се забележат симптоми на болеста, ниедно од животните не смее да го напушти тоа одгледувалиште!
  • Од одгледувалиштето не смее да се изнесуваат животните, производи од животинско потекло, опрема, измет и ѓубре!
  • Ветеринарните друштва да го зголемат нивото на претпазливост и веднаш да пријават до официјалниот ветеринар доколку забележат некои од симптомите кај животните!
  • Ловците веднаш да пријават до ветеринарните друштва и официјалните ветеринари доколку забележат појава на трупови од угинати диви свињи во ловиштата!

 

Повеќе информации за заболувањето и неговото значење и импакт можете да најдете на веб страната на Агенцијата за храна и ветеринарство, на следниот линк:

http://fva.gov.mk/mk/afrikanska-cuma-divi-svinji

Shares