Прва прес-конференција за промоција на активностите во рамки на проектот „Интегрирани прекугранични туристички акции во Благоевградско-Делчевскиот регион“

  • Новости
Денеска во Делчево се одржа првата прес-конференција за промоција на активностите во рамки на проектот „Интегрирани прекугранични туристички акции во Благоевградско-Делчевскиот регион“ (CrossTourAct), кој се реализира во рамките на Програмата INTERREG VI-A IPA Бугарија – Северна Македонија 2021-2027.
Проектот се спроведува партнерски помеѓу општините Благоевград и Делчево, РЦЗ Делчево и Алфатур Благоевград во времетраење од 24 месеци.
На денешниот настан присутни беа партнерите како и претставници од Министерството за локална самоуправа кои го ко-финансираат проектот.
Со проектот се предвидени изградба на скејт парк и регулација на коритото на реката Брегалница како и повеќе тренинзи, настани, тури и изработка на стратешки документи.

Shares