ООУ “Ванчо Прке”
Наставата се одвива во едно централно училиште во Делчево и 2 подрачни училишта во село Ѕвегор и село Габрово.
Вкупниот број на ученици изнесува 491 и вкупен број на наставници 65.
Во рамките на ова училиште функционира и една училишна спортска сала која целосно е во функција на воспитно-образовниот процес кој се одвива во училиштето.
ООУ “Климент Охридски”
ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево
Адреса: ул.„Методи Митевски –Брицо“Делчево, Делчево
Тел. 033-410-920
Е-маил: svklohridskidelcevo@yahoo.com
Веб-страница svklimentohridski.edu.mk
Наставата се одвива во едно централно училиште во Делчево и 5 подрачни училишта и тоа во: с.Разловци, с.Тработивиште, с.Вирче, с.Град и с.Стамер.
Број на паралелки 57
Директор Горан Димитровски
Тел. 078/267541
Мисија и визија
Нашето училиште е јавна воспитно-образовна установа во која сите ученици од различни националности се стекнуваат со квалитетни знаења. Исто така, училиштето е и место во коешто наставниците постојано професионално се усовршуваат, за да можат да ги следат промените во наставните програми и во научните достигнувања со цел да одржуваат квалитетна настава која е приспособена за потребите на сите ученици вклучувајќи ги и учениците со посебни образовни потреби. Ние, како воспитно-образовна институција преземаме активности со кои поддржуваме партнерски односи со училиштата во кои учат ученици од различно етничко потекло.
МОТО НА УЧИЛИШТЕТО- „НИЕ СМЕ УЧИЛИШТЕ КОЕ УЧИ“
„РАЗЛИЧНОСТИТЕ ПОМЕЃУ ЛУЃЕТО НЕ ТРЕБА ДА ЗНАЧАТ И СПРОТИВНОСТИ МЕЃУ НИВ,ТУКУ ТРЕБА ДА ПРЕТСТАВУВААТ МОТИВ ЗА ОСОЗНАВАЊЕ НА ТУЃОТО И ЗА ИЗНАОЃАЊЕ ПОВИСОКИ ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ“
Почитувај, за да бидеш почитуван!!!
(слоган произлезен од страна на учениците)
Училиштето е воспитно образовна установа, храм на знаењата, столб на општеството и втор дом за секој ученик, без разлика на вера, нација, боја, религија и етничка припадност. Нашето училиште е модерна институција која обезбедува подеднакви можности за сите ученици со цел да го искористат својот капацитет за да стекнат знаења, вештини и умеења кои се предуслов за нивно понатамошно дообразување и постигнување на високи достигнувања. Исто така, училиштето ќе овозможува кај учениците да се развие свеста за правата, обврските и меѓусебно почитување на сите деца-ученици од различни етнички заедници. Училиштето ќе биде посакувана средина во која учениците ќе напредуваат според своите индивидуални способности, ќе се негува позитивната училишна клима, професионализмот и градењето демократски односи.