Градоначалник

Горан Трајковски е актуелен градоначалник на Општина Делчево кој на Локалните избори во октомври 2021 г. по втор пат ја доби довербата од граѓаните да ја води Општината и во периодот 2021-2025 година.

Трајковски е роден во Делчево на 20.07.1971 година, каде завршува основно образование. Средно образование завршува во СОУ „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје. Завршил Природно-математички факултет во Скопје, група математика. Во 2003 година се вработил во ООУ „Св.Климент Охридски“ како наставник по математика; Во периодот 2007-2009 бил заменик- директор на училиштето. Исто така, бил и член во Управен одбор на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“-Делчево. Трајковски е оженет и е татко на две ќерки. Активно се служи со англискиот јазик, а хоби му е велосипедизмот и риболовот.

Инаку, Трајковски е член на СДСМ од 1996 г и оттогаш е активен учесник во сите процеси и дава голем придонес во изборните резултати и во промовирање на социјалдемократијата како напредна идеологија која носи раст и развој и напредок во секое поле од општественото живеење. Од партиските функции, позначајни се:

Во 2005 г, беше кандидат за советник од редовите на СДСМ и коалицијата;

Во периодот од 2005-2009 г претстадетел на НО на ОО на СДСМ Делчево;.

Во периодот од 2009 до 2013 претстедател на ОО на СДСМ Делчево;

Во периодот од 2013 до 2017 година беше член во Советот на Општина Делчево, како советник од редовите на СДСМ и коалицијата.

Во периодот 2017-2021 градоначалник на Општина Делчево.

Неговата визија за Општина Делчево е одговорна и услужна општина за сите, општина по мерка на граѓаните:

„Делчево сите нè обврзува бескомпромисно да работиме за да ја сочуваме иднината на Делчево, градот кој со гордост го носи името на револуционерот Гоце Делчев. Почитувајќи ја традицијата и наследството, но со нова енергија во современи услови, да го изградиме нашето родно место во поубаво место на живеење, каде ќе се создаваат нови спомени и ќе живеат задоволни и насмеани граѓани.“

 

Големина на фонт
Контраст