ТППЕ Делчево

Територијалната противпожарна единица – ТППЕ Делчево

Тел. 193/112

Со децентрализацијата ТППЕ премина во надлежност на општините. Територијалната противпожарна единица во Делчево делува на територијата на Општина Делчево, но и по потреба во соседните општини. Вкупниот број вработени изнесува 17 пожарникари-спасители.

Инаку, пожарникарството во Делчево испишува историја од 7 децениско функционирање. Првато доброволно противпожарно друштво е формирано од делчевецот Илија Дамјанов Крстевски во 50-тите години, по што е формирана првата единица на чело со командирот Никола Димитровски.

Надлежности

– Гаснење на пожари на подрачјето на општина Делчево;
– Отстранување на непосредната опасност за настанување на пожар;
– Спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот загрозени од пожари и експлозии;
– Укажување техничка помош при незгоди и опасни ситуации;
– Извршување на други работи при несреќи и непогоди;
– Врши непрофитабилни услуги заради подобрување на техничката опременост и услови за работа, кои не смеат да го оневозможуваат или попречуваат извршувањето на функциите од претходните алинеи на овој став;
– Заедно со територијалните противпожарни единици на општините во РСМ утврдени со закон, дејствуваат како противпожарни единици на Република Северна Македонија заради оперативно делување при гаснењето големи пожари на целата територија на Република Северна Македонија;
– Давање помош кога тоа е побарано при гаснење пожари во други држави;
– Водење посебна евиденција за настанатите пожари, експлозии, интервенции за гаснење и интервенции за други настани според единствена методологија и известување на Дирекцијата за заштита и спасување и Општина Делчево за тоа;
– Периодично испитување и проверка на исправноста на противпожарната опрема со која располага Територијалната противпожарна единица;
– Тековна поправка и одржување на механиката;
– Давање противпожарно обезбедување на објекти, делегации, јавни собири, спортски и други манифестации, во координација со Министерството за внатрешни работи;
– Врши обука од областа на противпожарната заштита на припадници на АРМ;
– Едукација на граѓаните за заштита од пожари, преку организација на предавања, преку медиуми и организирање на други активности.

Интервенции

Година Вкупно интервенции Отворен простор Објекти ПМВ Технички интервенции
2022 35 15 13 3 4
2021 33 19 8 4 2
2020 34 17 13 3 1
2019 84 56 26 2 /
2018 40 18 16 3 3
2017 52 34 14 3 1
2016 41 22 19 / /
2015 35 16 14 4 1
2014 29 13 15 1 /
2013 42 24 17 1 /
2012 79 56 18 3 2
2011 73 49 18 5 1
2010 26 16 7 2 1
2009 19 7 12 / /
2008 40 24 12 4 /
2007 55 36 17 1 1