СОУ „Методи Митевски-Брицо“
ул. „Методи Митевски-Брицо“
email: mm_brico@hotmail.com
web: mmbrico.edu.mk
Наставата се одвива во СОУ “Методи Митевски – Брицо” во Делчево со вкупен број на ученици 351 и вкупен број на наставници 53.
Гимназиско образование
- Природно-математичка А комбинација
- природно-математичка Б комбинација
Општествено – хуманистичко подрачје
- комбинација А
Јазично – уметничко подрачје
- комбинација А
Стручно образование:
Текстилно – кожарска струка
- профил: конфекциски техничар
Хемиско технолошка струка
- профил: прехрамбен техничар
Во дворот на гимназијата Методи Митевски – Брицо изградена е спортска сала која покрај за активностите во рамки на образовниот процес, активно ја користат и спортски клубови и физички лица за спортски натпревари во фудбал, ракомет, одбојка, пинк-понг, гимнастика итн.
Во рамките на гимназијата постои и училишна спортска сала во која исто така се одвиваат покрај редовните часови по физичко образование и најразлични спортски натпревари во фудбал, ракомет, одбојка, пинк-понг, гимнастика итн.
Мисија
Средното општинско училиште ,,Методи Митевски Брицо,, е воспитно образовна институција со воспоставен систем на демократски вредности што се рефлектираат преку здрава, безбедна, дисциплинирана и стимулативна средина за учење во која се негува современа актуелна училишна култура и овозможува градење на младите луѓе во интелектуално емотивно социјално морално зрели личности достојни за почит во општеството. Главните цели на училиштето се учениците да се здобијат со трајни и употребливи знаења, со креативни и практични вештини овозможувајќи им своите интереси и способности да ги применат во сите области на работата и животот.
Визија
Современо европско училиште со јасно поставени стратешки цели за квалитет во образованието преку вклучување на научно технолошки постигнувањa, информатичка технологија, креативни методи и техники за активна настава иучење, тимска работа, партнерски однос со родителите и локалната заедница, изградени капацитети за децентрализирано образование. Светилник кој го осветлува патот до успехот на генерациите што доаѓаат за да го пронајдат заслуженото место под сонцето.