Социјална заштита

Формиран Совет за социјална заштита

Согласно со Законот за социјална заштита („Сл.весник на РМ„ 104/2019 и 146/2019) доделени се одредени надлежност на општините, меѓу кои и надлежноста дадена во член 11, став 1 алинеја 4 каде стои: „општините формираат Совет за социјална заштита за подрачјето на општината„.  Советот за социјална заштита на Општина Делчево, формиран со Одлука на Советот на Општина Делчево бр.09-1986/1 од 21.10.2019 година, донесе Социјален план на Општина Делчево за 2020 година (во понатамошниот текст Социјален план). Социјалниот план содржи мапирање на социјалните проблеми и ранливите групи во општината, анализа на капацитетите и расположливите социјални услуги, како и специфичните потреби за развој на социјалните услуги во општината.

Главни активности на Советот за социјална заштита:

Од увидот во реализирањето на Локалниот акциски план за социјална заштита 2019-2021, како и на состојбите и потребите на различните социјални групи на ниво на Општина Делчево, Советот за социјална заштита на Општина Делчево ги утврди следните активности за делување за 2020 година:

  • Идентификација на сите ризични групи на ниво на општината;
  • Увид и располагање со релевантни податоци;
  • Анализа на податоци и состојби, вршење споредбени анализи;
  • Идентификација на приоритетните интервенции (мерки и форми на социјална заштита;
  • Идентификација на релевантни социјални сили (институциите, НВО, приватен сектор итн.);
  • Следење, утврдување и анализа на постигнатите резултати и реализирани активности од имплементирањето на планот и програмата за социјалнба заштита на Општина Делчево;
  • Редовна комуникација, средби и размена на податоци и информации со сите социјални сили на ниво на општината;
  • Транспарентното работење и објавување годишни извештаи од имплементирањето на планираните активности според планот за социјална заштита;
  • Предлог на нови програми и форми на социјална заштита (давање социјални услуги од страна на лиценцирани даватели на социјални услуги во општината);

За унапредување на социјалната заштита во Општина Делчево,  потребно е воведување социјални услуги кои се индивидуализирани и прилагодени на конкретните потреби на корисникот и семејството што подразбира сеопфатно мапирање на сите постоечки институции во општината, нивните надлежности и евентуалното нивно вклучување во сферата на социјалните услуги кои ќе им се пружаат на граѓаните на Општина Делчево.

Советот на Општина Делчево на предлог на Градоначалникот, на својата 30 редовна Седница одржана на ден 21.10.2019 година донесе ОДЛУКА за формирање Совет за социјална заштита на Општина Делчево за остварување на дејноста на социјалната заштита  во Општина Делчево и развивање на локални мерки и активности за социјална заштита согласно Законот за социјалната заштита, се формира  Совет за социјална заштита на Општина  Делчево.

Советот за социјална заштита на Општина Делчево ги има следните надлежности:

  • изготвува Социјален план за подрачјето на Општина Делчево, врз основа на кој Градоначалникот на Општина Делчево изготвува Годишна програма за социјална заштита што ја донесува Советот на Општина Делчево по претходно мислење од Министерството за труд и социјална политика на РСМ;
  • предлага локални мерки и активности за социјална заштита.

Мандатот на членовите на Советот за социјална заштита изнесува 4 (четири) години сметано од денот на донесувањето  на Одлуката за формирање на Совет за социјална заштита.

 

Советот за социјална заштита на Општина Делчево е формиран во следниот состав:

Сузана Петровска, претставник од Општина Делчево,

Лилјана Даневска Богдановска, претставник од ПС- ОН Делчево,

Кристина Аралампиевска, претставник од Основно јавно обвинителство Делчево,

Др Маја Стоименовска-Цветковска, претставник од ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев„ Делчево,

Влатко Митев , претставник од ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Делчево

Билјана Прачкоска, претставник од Центар за вработување Делчево,

Весна Димитровска, претставник од СОУ „М.М.Брицо„ Делчево,

Маријана Стоименовска, претставник од ООУ „Ванчо Прке„ Делчево,

Верица Боинска, претставник од ООУ „Св.Климент Охридски„ Делчево,

Билјана Ѓеоргиевска, претставник од Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Делчево,

Зоран Биковски, претставник од НВО КХАМ Делчево,

Ереј Николчо Воиновски, претставник од Македонска Православна Црква –Охридска Архиепископија „Успение на Пресвета Богородица„ Делчево .

Големина на фонт
Контраст