Според Пописот во 2002 година во општина Делчево живеат 17.505 жители, од кои 11.536 или 66% во општинскиот центар, т.е. градот Делчево. Просечната густина на населеност е 42,5 жители/km2, што е под просекот на Република Македонија од 78,8 жители/km2.
Има 22 населени места со население според следната динамика:
Делчево | 11536 |
Бигла | 275 |
Ветрен | 114 |
Вирче | 494 |
Вратиславци | 36 |
Габрово | 799 |
Град | 529 |
Драмче | 277 |
Ѕвегор | 882 |
Илиово | 127 |
Киселица | 35 |
Косово Дабје | 21 |
Нов Истевник | 138 |
Очипала | 92 |
Полето | 194 |
Разловци | 831 |
Селник | 27 |
Стар Истевник | 67 |
Тработивиште | 530 |
Турија | 103 |
Чифлик | 53 |
Стамер | 345 |
Вкупно | 17505 |
Домаќинства: 5568
Просечен број на членови на домаќинства: 3,1
Станови (сите видови на живеалишта): 7163
Извор: Статистички годишник на РМ, 2005
Стапката на пораст на населението во периодот 1994 – 2002 изнесува – 0,16, што е помалку од просекот на Републиката, кој изнесува 0,48.
Просечната возраст на населението во општина Делчево изнесува 36,8 години, а индексот на стареење е 0,414.
Вкупно населени во општина Делчево според половата структура е 51% мажи и 49% жени.
Стапката на писменост изнесува 96,9%.
Вкупно население во општина Делчево според образовна структура:

Вкупно население во општина Делчево според национална припадност:
